ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Пожарникари се прекачуваа преку балкони да ги спасуваат загрозените од пожарот во Буњаковец

December 13, 2021 19:27
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа пожарникарите мораа да се прекачуваат преку балкони за да го изгасат пожарот кој изби во зграда на улица „Христо Смирненски“ во непосредна близина на „Треска“,  во тесните улички во близина на Универзална Сала, во градската четврт Буњаковец во Општина Центар.

Станарите дел од минатата ноќ ја минаа на улица додека траеше гасењето на пожарот кој зафати еден од становите. Инцидентот кој започнал околу 3 часот по полноќ поминал без повредени лица, а материјалната штета првично се проценува на неколку илјади евра.

Пожарникари, брза помош и полиција на ул. Христо Смирненски. Фото: Мета.мк.

Жители од загрозената зграда им објаснија на новинарите на Мета.мк дека поголема катастрофа со жртви била избегната благодарение еден од соседите. Тој случајно бил буден и штом го почуствувал чадот веднаш ги алармирал надлежните служби и почнал да ги буди другите станари, одејќи од врата до врата.

Според очевидците, токсичниот чад од станот што горел на вториот спрат брзо се пробивал кон погорните спратови, а доколку пламените јазици го зафателе балконот пожарот можел лесно да се прошири и на соседната зграда која е „залепена“ до опожарената.

Пожарникарите мораа да се искачуваат преку гаражи и балкони за да допрат до опожарениот стан. Фото: Мета.мк.

Единицата за противпожарна заштита го примила повикот во 3:20 часот и за многу кратко време ја започнале акцијата на гасење, која според изјавата на Владимир Симоновски, командант на скопската бригада за противпожарна заштита за Канал 5, траела околу 20 минути. Заедно со пожарната дошле и полицијата и брза помош.

Запалениот стан е лоциран на страната на зградата свртена кон просторот на поранешната фабрика „Треска“ и до која нема директен пристап за пожарникарско возило. Заради тоа пожарникарите морале да се искачуваат до станот преку подолните балкони, поставувајќи модуларни скали кои се закачуваат на оградите.

Додека пожарникарите се труделе да допрат до станот зафатен со пожар, полицијата спровела евакауција на сите станари. Посебна грижа била посветена на децата и постари лица од зградата кои биле сместени во службените возила со вклучено парно за да ги заштитат од студот.

Како што раскажуваат очевидците, последен бил евакуиран И.Ч. (64), кој живее под кирија токму во опожарениот стан. Според соседите, тој прво не реагирал на нивно ѕвонење, иако се слушало дека се движи низ станот, а по интервенција на полицијата пред влезот се расправал со полицајците околу тоа кој смее, а кој не смее да влегува, гаси и спасува.

Во утринските часови полицијата изврши увид со цел да ги утврди причините за пожарот.

Недостатокот на пристап за противпожарни возила до зградите во општина Центар беше посочен како проблем кое мора под итно да се реши во предизборната програма на независната советничка листа „Шанса за Центар“. Тие предупредуваа на „црни урбанистички точки“, односно локации со висок ризик за губење човечки животи поради лошото урбанистичко планирање и легализирана непрописна градба, како при пожарот со 91 жртва во атинската населба Мати во 2018 година.

На 25 септември Мета.мк извести за пожарот кој изби во халата на бившата фабрика „Треска“, во непосредна близина на зградата во која  синоќа изби пожар. Нема јавно достапни информации за расчистување на тој случај односно за тоа дали се откриени и санкционирани одговорните лица, или дека од сопствениците се преземени мерки за отстранување на лесно запаливите материјали со кои се полни небезбедните хали.

 

 

извор мета.мк
Next Post

Нерези

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk