ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ бележи напредок на Македонија во борбата со корупцијата

December 14, 2021 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во наредните часови би можеле да претрпат промени, пред денешниот министерски состанок на кој Северна Македонија очекува зелено светло за отворање на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во воведниот дел стои временската одредница за отворање на првата меѓувладина конференција оваа година.

Советот со нетрпение очекува одржување на првите меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро оваа година откако ќе биде одобрена преговарачката рамка од страна на Советот, гласат нацрт-заклучоците.

Потоа Советот на ЕУ повикува на почитување на билатералните договори со Грција и Бугарија во духот на доверба.

Специфично за Северна Македонија, Советот го поздравува реформскиот напредок на земјата кој овозможи зелено светло за преговори во март 2020 година. Се поздравува одржувањето на локалните избори, но се забележуваат и пропустите во законската рамка и се бара сеопфатна ревизија на изборното законодавство навремено и на инклузивен начин.

Северна Македонија е поздравена за напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и се повикува на здружена работа во оваа област помеѓу власта и опозицијата.

Советот ги охрабрува сите страни да продолжат да го продлабочуваат реформскиот момент и да го подобруваат конструктивниот дијалог, стои во заклучоцитe

Во делот на судството се забележува дека е потребно сега да се имплементираат постоечките законски рамки и стратегии согласно стандардите на ЕУ за да се обезбеди непристрасноста и професионалното работење на судскиот систем. Потребно е Северна Македонија системски да ги имплементира акциските планови и стратегиите за човечки ресурси за обвинителството и судството.

Советот ја истакнува важноста за засегнатите институции да ги следат препораките на Државната Комисија за Спречување на Корупција која беше посебно проактивна во спречувањето на корупцијата, се вели во нацрт заклучоците на министрите на ЕУ.

ЕУ ја повикува Северна Македонија да ја зајакне слободата на изразување и безбедноста на новинарите.

Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација иако се потребни дополнителни напори. Се поздравува реформата на безбедносните и разузнавачките служби согласно барањата на НАТО но се истакнува и дека парламентарниот надзор треба да биде засилен.

Пописот, исто така, е нотиран како добра вест и ЕУ ги очекува резултатите во наредните месеци. Конечно во делот на Северна Македонија се повторува важноста од добрососедски односи и имплементирање на договорите со Грција и Бугарија.

Од формален аспект овие нацрт заклучоци го користат долгото име Република Северна Македонија во целиот текст, додека за другите земји од регионот се користи краткото име. Ова е едно од барањата на Бугарија.

Next Post

Според ЕУ напредува владеењето на правото, Македонија заслужува преговори

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk