ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МИОА молчешкум ја поправи грешката, сега наместо романски пишува влашки јазик, но не објасни како настанала

December 15, 2021 11:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за информатичко општество и администрација молчешкум ја исправи грешката во документите на Теано Кардула, но не објасни зошто во графата „Јазик на којшто се испишани личните податоци“ во Централниот регистар на население при Министерството, наместо влашки, стои романски јазик. Кардула информираше дека податоците се сменети и дека грешката е коригирана, но по одговори трагаше неколку денови. Таа дури реагирала и кај ресорниот министер Јетон Шаќири, а јавно побара поддршка и реакција од „Демократскот сојуз на Власите“. Фронтлајн разговараше со Теано Кардула која ни објасни дека поради неможност (повреда) да извади Извод лично, аплицирала онлајн и наишла на грешки.

Принтскрин по направена корекција

„Јас  аплицирав онлајн за извод на порталот на УВМК. Најавувањето се прави преку uslugi.gov.mk. Поради повредата си нарачав по пошта, и кај ми стигна по 3 недели, па уште и со згрешено презиме. Кога се најавив повторно за да проверам дали е моја грешка по нарачката забележав дека системот ме води како КОрдула. Иако рачно ги внесов сите податоци, матичарот не се водел ни по матичните книги, ни по тоа што сум го пишала туку по податоците од uslugi.gov.mk. Од тука се најавив на uslugi да видам дали рачно можам да направам корекција на личните податоци, но не беше можно. Се јавив во контакт центарот, вработената ми посочи дека прво е најдобро да провериме онлајн како сум заведена во релативно новиот оддел на Министерство за Информатичко општество и администрација – Централен регистар на населeние. Податоците се добиваат веднаш, се аплицира преку платформата и за кратко стигнува документ наречен Содржани податоци во ЦР на население. Претставува збир на податоци од сите институции. Сфатив дека таму ми го згрешиле презимето иако по неколку ставки подолу, кај активни лични документи стои правилно напишано“, вели Теано Кардула за Фронтлајн.

Но, покрај грешка во презимето, Теано забележала дека во графата „Јазик на којшто се испишани личните податоци“ наместо влашки, пишува романски јазик. За неа, ваквото категоризирање на влашкиот јазик е скандалозно и асимилаторски потег.

Снимка од екран: Теано Кардула

„Но, тоа што таму ми фати најмногу око беше во ставката „Јазик на кој се издадени документите” – романски, а не влашки. Првпат се сретнав така да е запишано, бидејќи во формуларите на МВР си стои влашки јазик при аплицирањето за лични документи. Намерно или ненамерно, се отвара плодна почва за асимилација на и така мал етникум. Романската влада веќе имала неколку наврати на иницијатива да се внесат Романците како етникум, алудирајќи на нас Власите. Испратив и директен меил до министерот, секако не добив никаков одговор. Неколки Власи исто испратиле меил, а реагираа и од Демократскиот сојуз на Власите. Официјално извинување и реакција нема. Кога испратив тикет за корекција на личните податоци, во известувањето е напишано дека податоците ми се корегирани, но и дека биле известени за проблемот со јазикот и работеле на случајот“, вели Кардула за Фронтлајн.

И Фронтлајн пред неколку денови побара одговор од МИОА, како настанала грешката, но оттаму не добивме одговор.

За овој проблем реагираше и таткото на Теано, уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула кој на Фејсбук напиша „Одговорните во Министерство за информатичко општество јавно да го објаснат овој скандалозен чин и да се извинат на цела влашка заедница. Истото и кај мене стои „романски јазик“.

И Теано Кардула повторно се огласи на Фејсбук. Откако МИОА направи корекција, таа напиша дека се надева дека се работи за грешка од незнаење, но и дека никогаш не треба да се толерираат вакви ситуации.

И. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk