ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој, предвидени со Планот за забрзан раст

December 16, 2021 10:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој во рамки на Развојна банка коишто имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на фирмите и да го поттикнат извозот, технолошкиот развој и нови производи кои ќе дадат на додадена вредност во извозот. Оваа недела на Влада беа усвоени одлуки изготвени од Министерството за финансии, со што се овозможи обезбедување на средствата. Притоа, од Буџетот,  се обезбедуваат пет милиони евра неповратни средства за Гарантен фонд, а дополнителни речиси 10 милиони евра (610 милиони денари) за формирање Фонд за развој, информираат од Министерството за финансии.

Гарантниот фонд и Фондот за развој неодамна ги најави министерот за финансии, Фатмир Бесими, како инструменти коишто се дел од Планот за забрзан економски раст ќе бидат во насока на финансирање на заздравувањето на економијата погодена од кризата предизвикана од Ковид-19. Целта на Планот, како што рече Бесими, е поддршка на забрзаниот и одржливиот раст, а притоа одржување на фискалната стабилност преку мобилизирање на капитал од приватниот сектор, како дополнување на финансиските средства издвоени од Буџетот.

Конкретно, со предложеното надополнување на Гарантен фонд со дополнителни пет милиони евра ќе се зголеми поддршката на приватниот сектор преку гарантирање за кредити за обртни средства и за основни средства кои ќе се одобруваат од страна на комерцијалните банки, и кои според мултипликаторот првично ќе генерираат околу 100 милиони евра поволни кредити за стопанството. Притоа, средствата за гарантирање на кредитите одобрени од банките и штедилниците  ќе се зголемaт и ќе изнесуваат 15 милиони евра вкупно.

Гарантниот фонд веќе функционира како посебна организациска единица во рамките на Развојната банка заради поддршка на развојот на микро, мали и средни претпријатија како и големи трговци кои вршат извоз.

-Во насока на поддршка на економијата е и формирањето на Фондот за развој во рамки на Развојната банка, чие финансирање се овозможува со денешното обезбедување на средствата. Фондот ќе има можност преку поволни кредитни производи да ги поддржи компаниите ориентирани кон извоз и активностите во областа на истражувањето и развојот, со цел да го поттикнат извозот, технолошкиот развој и воведувањето нови производи. Активностите за поддршка на извозот исто така ќе вклучуваат програма за развој на добавувачи насочена кон зголемување на технолошката подготвеност и капацитетите на домашните компании да учествуваат во глобалните синџири на производство, истакнуваат од Министерството за финансии.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk