ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Нема потврден случај на Омикрон во земјава, доминантен сè уште е Делта сојот

December 18, 2021 15:51
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
The Irish Sun

The Irish Sun

Share on FacebookShare on Twitter

Иако овој сој забрзано се шири, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од Делта сојот. Ова вчера го изјави главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфектологот д-р Ентони Фаучи.

Тој напомена дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот Омикрон.

Сојот Омикрон досега е откриен во третина од американските сојузни држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег.

Според Светската здравствена организација (СЗО), лицата заразени со сојот Омикрон, обично имаат поблага форма на болеста.

Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција, и оти можеби ќе поминат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот Омикрон ќе развијат тешка форма на болеста.

Но, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење.

Во меѓувреме, вакцинацијата останува единствениот излез од епидемијата.

Сепак, Европската Комисија нема да препорача задолжителна вакцинација во Европската Унија, соопшти вчера портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер.

За потсетување, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела изјави дека е добро што се дебатира за задолжителна вакцинација, но како што прецизираа вчера од Европската комисија, здравствената политика е целосно надлежност на земјите членки.

-Комисијата нема препораки до земјите членки, претседателката даде свој став за ситуацијата во Европа, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, додавајќи дека со оглед на милионите невакцинирани граѓани во ЕУ, оваа дебата е добредојдена. Но, додаде Мамер, јасно е дека ова е надлежност на земјите членки и Европската Комисија нема да поднесе предлог во оваа насока.

Македонската Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), пак, вчера објави дека досега има добиено две пријави од лекари за сомнение за смртен исход по примена вакцина против Ковид-19.

Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканите реакции се навистина поврзани со употребата на вакцините против Ковид-19.

Двете пријави Агенцијата ги имала во март и во септември, од страна на лекари, и се однесуваат на 85-годишен и за 53-годишен, но се уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините.

Раководителката на сектор во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Мерјем Хаџихамза појасни дека пријавите освен во Упсала мониторинг центарот, испратени се и во Институтот за јавно здравје, каде се прави таа натамошна обработка.

Сепак, како што посочува, станува збор за сомнежи и неофицијални податоци. Ефектите од вакцинацијата се далеку, далеку поголеми.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, беа регистрирани нови 101 случај на заболени од Ковид-19, од направени 1.299 тестирања. Починале 13 лица, а оздравени се 393 пациенти.

Досега во земјата направени се вкупно 1.485.944 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, а бројот на оздравени пациенти е 203.967. Починати се 7.658 пациенти. Бројот на активни случаи е 5.775

Next Post

За 18 месеци ќе заврши изградбата на новата кичевска болница, најави министерот Филипче

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk