ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Навистина, зошто би имало потреба Мијалков да бега?!

December 30, 2021 09:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Пуштањето од притвор на Сашо Мијалков делува логично: човекот има две височки неправосилни затворски пресуди, обвинет е уште во два „потешки“ предмети, а осомничен е уште во неколку други случаи, па треба да му се овозможи да излезе од Шутка за да види и на мир да размисли, без притворски психолошки притисок и правна принуда, што ќе прави со себе понатаму. Дал имотни гаранции од 11 милиони евра од кои е прашање што и дали би можело нешто да се наплати во случај на бегство, а бидејќи тој имот – дури и ако може да се наплати во некоја фантастична конфискациска постапка – и така е со веројатноста на здравиот разум стекнат како след на компликувани кривично-правно-финансиски околности во половина дузина предмети за кои го судат, па речиси сигурно може да се тврди дека е сентиментално силно врзан кон него. Многу би пател ако го загуби. 11 милиони! Не се тоа „11 крушки“, што би рекол градоначалникот на Карпош, уште еден локален експерт за милиони.

Од друга страна, треба да се верува и во искреноста на изјавата на Мијалков по синоќешното излегување од притвор, пред да влезе во автомобилот (со приватна безбедносна придружба, оти се чувствува небезбедно кога е на слобода!): „Не бегам, зошто да бегам?!“… Навистина, веројатноста дека некоја од сегашните и идни пресуди во случаите против него во наредните стотина години би станале правосилни е рамна на неможноста физички да се биде на две различни места истовремено. Во случајов, и во затвор и во државава. Невозможно и по законите на физиката, а не само по толкувањето на законите во македонското право.

Тоа е Македонија во која судските реформи дадоа видлив резултат во неколкугодишното осамостојување на „независното судство“. На крајот од 2021 година, ситуацијата конечно дојде до врвот на својата тотална шизофренија: прочуените правобранители Михајло Маневски и Јово (празно место за надимокот) Вангеловски се главните борци во јавноста за да се престане со „политичките притисоци“ врз судството; главните криминалци се (А) во бегство, (Б) се жалат до Европскиот суд за човекови права дека им се нарушени базичните слободи или (В) седат по судски рочишта (со армија адвокати) на кои крајот не им се гледа и по 4-5 години од почетокот на судењата (ако воопшто и се почнати со судења, а некои од предметите и ќе застарат пред да почнат); поситните извршители на наредбите лежат со правосилни затворски казни или се спогодбено ослободени затоа што ги посочиле народбодавателите кои се шетаат на слобода; а единствено Катица Јанева е правосилно во затвор заради еден несомнен обид за поткуп кој, за потребите на пазарот, прерасна во рекет, на општа радост на јавноста желна за правда!

Би можело да се тврди дека Гордана Јанкуловска, всушност, е аномалијата што го потврдува правилото на ова правосудно бесознание, а не би имало изненадувања ако и таа, по некоја миракулна параграфска основа, излезе на слобода пред да се исполнат правосилните услови за тоа, бидејќи „независното судство“ влегува во старата форма после само една победа на локалните избори.

Тотален галиматијас во кој, формално-правно, ништо не е спорно! Напротив, сѐ функционира според словото, а и духот (пуштен од шишето) на Законот. Никој не е виновен додека не му се докаже спротивното, ако е расположен да го судат.

Добро, знаеме, урбаните легенди тврдат дека сѐ е некако договорено уште пред многу години, останатото е театар за неопитни правдољупци. Тоа е оној вид на договори кои и да ги нема, сите се убедени дека ги има, па подобро е да се направени, за јавноста да не се доведува во заблуда.

Оти, ако 11 милиони се помножат со 100 и се поделат на дваесет, души, тогаш не зборуваме за криминал, туку за инвестициски активности кои треба да бидат поддржани од стабилен и независен правен систем. Капиш?

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk