ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ви благодарам за довербата, новата 2022 година да ви донесе многу остварувања и достигнувања исполнети со здравје, радост и со среќа

December 31, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани мои сограѓани, на крајот од 2021 година и пред почетокот на идната, сакам да уште еднаш да ви испратам најубави желби и да се заблагодарам за довербата што ми беше дадена. Јас верувам дека лидерството треба да произлегува од довербата, а не од силата, напиша Зоран Заев на Фејзбук.

„Останувам непоколебливо уверен дека заедно со Вас, со огромно мнозинство на народот во 2017 година зад нас ги оставивме најцрните страници од нашата независност до денес и дека ги отворивме бескрајните можности за нашата земја и за сите нас.


Непоколебливо сум уверен и во тоа дека, заедно со Вас, и јас сум припадник на една генерација којашто не е само дел од историјата, туку дека сме автори на некои од нашите најважни историски страници од македонската сегашност и македонската иднина.

Се изборивме да нѐ прифатат како држава со јасен национален идентитет затоа што македонската граѓанска идеја е во секој пулс на срцето на секој Македонец и секоја Македонка и на секој еден граѓанин на нашата заедничка Северна Македонија.

Со поглед свртен кон иднината постигнавме членство на нашата суверена држава во НАТО како најсилен воено-безбедносен сојуз на демократските и прогресивни земји и со отворена покана за членство во Европската Унија.

И денеска, како што не пропуштив ниту една пригода претходно, упатувам благодарност и на сите наши сограѓани Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и на сите други етнички заедници, што покажаа другарско и братско разбирање. Ќе стои во учебници поддршката што Македонците ја добиваат од своите сограѓани овој период.

Таа поддршка, тоа разбирање за заштитениот македонски идентитет е од огромно значење за градењето едно општество. Мостовите што ги градиме денес се крвотокот на нашата меѓусебна доверба и на нашата заедничка иднина.

Во тој дух, да гледаме на новата година како на ново поглавје од нашето заедништво.

Пенкалото за испишување на новите успеси во тоа поглавје е во ваши раце. Никој друг повеќе нема да ја пишува нашата историја ниту да ја определува насоката за иднината. Само вие, граѓаните, можете да ги исполните новите поглавја.

Ви посакувам новата 2022 година да ви донесе многу остварувања и достигнувања исполнети со здравје, радост и со среќа“, напиша Заев.

Next Post
(Архива) Џабир Дерала, јавен настан посветен на мултикултурализмот, декември 2021 година. Фото: Цивил

(ВИДЕО) Мултимедијален настан „Почитувај ги различностите“

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk