ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здравствени и безбедносни препораки за време на празниците

January 3, 2022 12:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Нова година во Охрид. Фото: Бобан Бојковиќ

Нова година во Охрид. Фото: Бобан Бојковиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Во време на пандемија, кога во светот владеат нови правила по кои треба да се раководиме, за да ги сузбиеме последиците од Ковид-19, мора да се почитуваат здравствените мерки. За време на новогодишните и божиќните празници, како што нагласуваат и владините претставници, особено важно е граѓаните да се придржуваат до здравствените и до безбедносните мерки.

Портпаролите на владата – Душко Арсовски и Муамет Хоџа на прашањето од Фронтлајн – Дали се планираат дополнителни антиковид-мерки за време на новогодишните и божиќните празници?, одговорија дека според проценките на експертите мометалните рестриктивни мерки против проширувањето на вирусот Ковид 19 се доволни за претстојните празници.

Арсовски, истакна дека МВР работи со засилени контроли за време на празниците.

– Она што може како апел да го повториме е граѓаните да се вакцинираат со цел побрз излез од пандемијата и враќање на животот во нормала, додаде Арсовски.

Вакцинирај се

Вакцинирај се колку што е можно побрзо. Заштитата од вирусот е поголема доколку сте вакцинирани. Особено доколку спаѓате во ризичната категорија на граѓани со хронични заболувања, советуваат од Министерството за здравство. Дури 98 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 не биле вакцинирани соопштуваат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 30 декември.

Во период од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69.242 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани, соопштуваат од Министерството за здравство.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2447 лица со Ковид 19, 1913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Носи маска, одржувај дистанца и не се групирај

 

Иако за време на празниците нема посебни антиковид мерки, вирусот сè уште е околу нас сите граѓани се должни да ги почитуваат сегашните рестриктивни мерки.  Зашти се себе си и луѓето околу тебе носејќи маска на јавни места и површини од затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица. Исто така избегнувајте близок контак со луѓето за да спречите преносливост на вирусот.

 

Храна и алкохол во умерени количини

Празничните трпези се богати со разновидна храна и пијалоци и често може да не доведат до прекумерено јадење и пиење. Како резултат на тоа се јавува прејаденост и алкохолизирана состојба којашто влијае како на здравјето така и на безбедноста.

Не користете пиротехнички средства и огнено оружје, апелираат од МВР

Граѓаните да не купуваат пиротехника затоа што на тој начин ја загрозуваат и својата и безбедноста на луѓето околу нив, вели Ангеловски во интервјуто за Фронтлајн. Упатува апел и до родителите да не им купуваат пиротехника на децата за забава, зашто таа забава, како што нагласува, може потоа „скапо да ги чини“.

– Само во текот на минатата недела имаме над 50.000 парчина пиротехника запленето на пазарите и крстосниците на оние места каде што очекуваме да имаме продажба на пиротехнички средства, се разбира нелегална продажба, истакнува Ангеловски во интервјуто.

Најчестите последици од злоупотребата на пиротехничките средства се тешки телесни последици, а може да дојде и до траен инвалидитет, како што може да видиме на показната вежба на МВР и Црвен крст.

Огненото оружје може да нанесе исто така трајни последици, дури и да одземе нечиј живот.

Безбедност во домот

Доколку не сте дома за време на празниците не споделувајте слики или локација со цел да се заштитите од кражби, апелираат од МВР.

МВР секоја година во ова време и пред летните одмори кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелира за внимателност, затоа што покрај мерките што ги презема МВР и граѓаните треба да ги преземат мерките од нивна надлежност, за да можат да си ги заштитат домот и имотот, истакна Ангеловски.

-Апелот е доколку луѓето не слават дома, да не се постираат фотографии од местото на настанот кај што се, затоа што на тој начин преку социјалните мрежи им давате сигнал на оние кои имаат криминални намери, изјави Ангеловски во Утрински брифинг.

Исто така чувајте ги вашите паричници, мобилни телефони и чанти на безбедно и не носете голема количина на пари во затворени или отворени простори каде што има толпа луѓе.

Безбедност во сообраќајот

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците! Во сообраќајот нема мали и големи грешки, не возете во алкохолизирана состојба и почитувајте ги сообраќајните знаци.

Секое непочитување на сообраќајните правила и прописи може да заврши со сериозни и фатални последици затоа : возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација, не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол, почитувајте ги правилата за ограничување на брзината задолжително ставете појас, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Телефонските броеви за итни случаи 192, 193 и 194 работат 24/7.
Здравјето и безбедноста пред се!

Мартина Ацковска

 

Next Post

Горивата поскапуваат за 1,5 денар по литар

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk