РИБАРО
Град Скопје ќе организираат бесплатно коледарско пеење со гости и пригодна програма на скопскиот плоштад. Екипата на АХА, дознава дека главна ѕвезда на вечерта ќе биде Димче Апасиев, а неизвесен е Мицкоски.
Левичарот Апасиев бесплатно ќе пеел коледарска песничка, а како што јавуваат нашите извори Мицкоски во последен момент се премислил и откажал да му биде придружен вокал.
– Видете, јас сум тој што ја води песната, орото, што и да е…. Не може сега Димче да се петели пред мене, па било тоа и коледарско пеење, реагирал Мицкоски откако Данела му кажала која ѝ е идејата.
Камиказа од друга страна со воодушевување ја прифатил поканата од Арсовска да ги озвучи Мицко и Димче.
– Ако треба и ќе свирам и ќе пеам, озвучувањето беспари ќе го дадам, кажете што треба за мајку и отаџбину!, ѝ одговорил Камиказа на Арсовска.
„Перо, не се прави мутав. ја цапна со признанието скроз. Јас велам сè бесплатно беше за дочекот на Нова година на плоштад, ти се испофали дека сме ти наброиле 15.000 евра, башка велиш дека се тоа „ич пари“, за тебе. Не се прави сега дирлада, земи дрнкај на тоа гитарата, лапај евриќи и молчи. Туку, на Мицко кажуј која песничка да му ја погодиме за да го испентериме на бина пред Триумфална?“, рекла Арсовска.
– А да ја пее:
Мицко оди по домати,
Димче мисли колку пати.
Мицко седи на два стола,
Димче буцка одоздола…
Коледе леде!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK