ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вакцинацијата е клучна за пациентите со бубрежни заболувања

January 7, 2022 16:50
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на пандемијата стотина пациенти со бубрежни заболувања кои се лекуваат во Специјалната болница за хемодијализа во Струга, заболеа од коронавирусот. Лекарите укажуваат дека кај овој вид хронични болни од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19.

Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за лош исход и компликации е далеку поголема. Нашите пациенти се многу свесни, ја сфатија нашата порака и над 90 отсто од нив веќе се вакцинирани со две дози, а кај голем процент во тек е вакцинација со бустер доза, велат од Специјалната болница за хемодијализа во Струга, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Коронавирусот не ги одмина пациентите со бубрежни заболувања. Од стартот на пандемијата до денес стотина пациенти со бубрежни заболувања од Југозападниот регион во земјава, заболеа од ковид-19. Кај овој тип на хронични пацинети опасниот вирус бележи дури 20 отсто смртност, велат лекарите.

Обично пациентите со бубрежни заболувања развиваат тешка клиничка слика  и повеќето се на кислородна поддршка, па затоа вакцинацијата е клучна за нив.

Д-р Вангелка Коваческа Шавревска субспецијалист нефролог Фото: Вистиномер

За пациентите со бубрежна слабост и на дијализа од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19. Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за лош исход и компликации е далеку поголема. Нашите пациенти се многу свесни, ја сфатија нашата порака и совет, така што може да кажам дека над 90 отсто од нив веќе се вакцинирани со две дози, а кај голем процент во тек е вакцинација со трета бустер доза, вели за „Вистиномер“ д-р Вангелка Коваческа Шавревска, субспецијалист нефролог.

За разлика од лани бројот на ковид позитивни пациенти со бубрежни заболувања е далеку помал.

Токму поради вакцинацијата може да кажеме дека бројот на пациенти со хронични бубрежни заболувања, кои се позитивни на ковид е далеку помал. Имаме мал број на пациенти згрижени во ковид одделот. Со празниците стравуваме како ќе биде, очекуваме да има пациенти и сме подготвени да пружиме лекарска помош, вели д-р Ковачевска Шавревска.

Лекарите од Специјализираната болница за нефрологија во Струга велат дека подготвени се и за справување со евентуален наплив на пациенти со новиот сој омикрон.

Имаме посебна сала, изолирана за ковид позитивни пациенти со 10 дијализни апарати, тоа се фактички 20 пациенти на дијализа во еден ден. Најмногу во ист момент сме имале околу 15 пациенти, сега сме подобри, но не смееме да се олабавуваме. Новите соеви на вирусот уште побрзо се шират и опасноста нè демне сите , вели д-р Александар Попоски, супспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.

д-р Александар Попоски, супспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга Фото Вистиномер

Бранкица Размоска (26) од Вевчани е една од пациентите на хемодијализа која заболела од коронавирусот лани во август. Ковид-19 ја врзал во болнички кревет еден месец.

На моја кожа ја почуствував силата и последиците на овој страшен вирус. Цел месец бев позитивна ми беше многу тешко. Примав инфузии, лекарства, дијализа…. Им верувам на лекарите, тие со години се грижат за моето здравје, се вакцинирав и ревакцинирав, а во јануари ќе примам и трета доза.Чекам да поминат 6 месеци од вакцинацијата, вели за „Вистиномер“ Размоска.

Бранкица Размоска пациент на дијализа Фото: Вистиномер

Тешките форми на болеста и лошиот исход се главно асоцирани со стареењето и присуството на одредени медицински коморбидитети, посебно хроничните болести и затоа за овие пациенти клучна е вакцинацијата, велат и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари .

Една од мета-анализите составена од 18 студии која го компарираше придонесот на коморбидитетите кај пациенти заболени со ковид и степенот на клиничка манифестација, укажа дека хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) како еден од испитаните коморбидитети е асоцирана со тешка форма на основната болест. По ХОББ, следат кардиоваскуларните, малигните и цереброваскуларните заболувања, но не изостануваат и хипертензијата, дијабетот и хроничната бубрежна болест, како причина за развивање на тежок степен на клиничка слика кај пациентите со ковид-19. Затоа од исклучителна важност е овие лица да бидат вакцинирани меѓу првите, како што впрочем и беа повикани. Но, не само за Sars CoV2, туку и за сезонскиот грип, бидејќи самите последици предизвикани од овие вируси (кои се асоцирани со пролонгирани хоспитализации, па се до фатални последици), се причина за зголемен товар на здравствениот систем, вели за „Вистиномер“ д-р Марио Јованоски од Асоцијацијата специјализанти и млади лекари.

Извор: МЕТА

Next Post

Владата ги повикува надлежните компании и локалните власти да обезбедат топлинска енергија за граѓаните на Скопје

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk