ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Вакцинацијата е клучна за пациентите со бубрежни заболувања

January 8, 2022 15:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на пандемијата стотина пациенти со бубрежни заболувања кои се лекуваат во Специјалната болница за хемодијализа во Струга, заболеа од коронавирусот. Лекарите укажуваат дека кај овој вид хронични болни од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19. Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за лош исход и компликации е далеку поголема. Нашите пациенти се многу свесни, ја сфатија нашата порака и над 90 отсто од нив веќе се вакцинирани со две дози, а кај голем процент во тек е вакцинација со бустер доза, велат од Специјалната болница за хемодијализа во Струга, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Коронавирусот не ги одмина пациентите со бубрежни заболувања. Од стартот на пандемијата до денес стотина пациенти со бубрежни заболувања од Југозападниот регион во земјава, заболеа од ковид-19. Кај овој тип на хронични пацинети опасниот вирус бележи дури 20 отсто смртност, велат лекарите.

Обично пациентите со бубрежни заболувања развиваат тешка клиничка слика  и повеќето се на кислородна поддршка, па затоа вакцинацијата е клучна за нив.

За пациентите со бубрежна слабост и на дијализа од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19. Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за лош исход и компликации е далеку поголема. Нашите пациенти се многу свесни, ја сфатија нашата порака и совет, така што може да кажам дека над 90 отсто од нив веќе се вакцинирани со две дози, а кај голем процент во тек е вакцинација со трета бустер доза, вели за „Вистиномер“ д-р Вангелка Коваческа Шавревска, субспецијалист нефролог.

За разлика од лани бројот на ковид позитивни пациенти со бубрежни заболувања е далеку помал.

Токму поради вакцинацијата може да кажеме дека бројот на пациенти со хронични бубрежни заболувања, кои се позитивни на ковид е далеку помал. Имаме мал број на пациенти згрижени во ковид одделот. Со празниците стравуваме како ќе биде, очекуваме да има пациенти и сме подготвени да пружиме лекарска помош, вели д-р Ковачевска Шавревска.

Лекарите од Специјализираната болница за нефрологија во Струга велат дека подготвени се и за справување со евентуален наплив на пациенти со новиот сој омикрон.

Имаме посебна сала, изолирана за ковид позитивни пациенти со 10 дијализни апарати, тоа се фактички 20 пациенти на дијализа во еден ден. Најмногу во ист момент сме имале околу 15 пациенти, сега сме подобри, но не смееме да се олабавуваме. Новите соеви на вирусот уште побрзо се шират и опасноста нè демне сите , вели д-р Александар Попоски, супспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.

Бранкица Размоска (26) од Вевчани е една од пациентите на хемодијализа која заболела од коронавирусот лани во август. Ковид-19 ја врзал во болнички кревет еден месец.

На моја кожа ја почуствував силата и последиците на овој страшен вирус. Цел месец бев позитивна ми беше многу тешко. Примав инфузии, лекарства, дијализа…. Им верувам на лекарите, тие со години се грижат за моето здравје, се вакцинирав и ревакцинирав, а во јануари ќе примам и трета доза.Чекам да поминат 6 месеци од вакцинацијата, вели за „Вистиномер“ Размоска.

Тешките форми на болеста и лошиот исход се главно асоцирани со стареењето и присуството на одредени медицински коморбидитети, посебно хроничните болести и затоа за овие пациенти клучна е вакцинацијата, велат и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари .

Една од мета-анализите составена од 18 студии која го компарираше придонесот на коморбидитетите кај пациенти заболени со ковид и степенот на клиничка манифестација, укажа дека хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) како еден од испитаните коморбидитети е асоцирана со тешка форма на основната болест. По ХОББ, следат кардиоваскуларните, малигните и цереброваскуларните заболувања, но не изостануваат и хипертензијата, дијабетот и хроничната бубрежна болест, како причина за развивање на тежок степен на клиничка слика кај пациентите со ковид-19. Затоа од исклучителна важност е овие лица да бидат вакцинирани меѓу првите, како што впрочем и беа повикани. Но, не само за Sars CoV2, туку и за сезонскиот грип, бидејќи самите последици предизвикани од овие вируси (кои се асоцирани со пролонгирани хоспитализации, па се до фатални последици), се причина за зголемен товар на здравствениот систем, вели за „Вистиномер“ д-р Марио Јованоски од Асоцијацијата специјализанти и млади лекари.

 

Next Post

СДСМ: Арсовска покажува неспособност, крати средства за животна средина, укинува еколошки превоз во време кога скопјани дишат загаден воздух

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk