Почина претседателот на ЕП Давид Сасоли на 65 годишна возраст, пренесува „Њујорк тајмс“. Според изданието, Сасоли починал рано утрово во болница во италијанскиот град Авиано.
Причината за неговата смрт не е официјално објавена. Сепак, Сасоли бил хоспитализиран со тешка пневмонија за време на пленарната сесија на ЕП во септември и се вратил во Италија на лекување.
Тој бил повторно хоспитализиран на 26 декември бидејќи неговиот имунолошки систем паднал.