РИБАРО
Откако Владата го разреши Владо Бучковски од должноста специјален претставник во преговорите со Бугарија за надминување на спорот, тој вели ќе останел во Бугарија.
Бучковски во изјава за АХА, посочи дека ќе остане во Бугарија откако претседателот Радев побарал од него да извршува специјална функција – да му биде негов двојник.
„Не можев да одолеам на поканата од Радев, причините се очигледни. Нашата блискост како два сродни лика од две различни земји со заеднички моменти и очигледно заеднички роднински корени нè натераа да преземеме ваков чекор“, рече Бучковски за АХА.
Според него, иако не е веќе специјален претставник, неговата нова улога е специјална и ова треба да создаде уште поголема доверба меѓу владите и државите, меѓу народите на двете земји.
FRONTLINE.MK