На вчерашната седница на Влада донесовме заклучок со кој се задолжуваат сите органи и институции во нејзина надлежност во рамките на своето редовно работење да ги признаваат електронските уверенија од казнената евиденција, односно уверенијата за неосуденост, со подеднаква важност како и оние кои се издаваат во печатена форма, напиша Маричиќ на Фејсбук.
– Ова задолжение на Владата доаѓа по известувањето на Советот за информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи кои утврдиле дека некои вработени во јавните институции се уште барале овие уверенија да бидат во печатена форма, стои во статусот.