Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и основно непознавање на нејзините ингеренции.Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на енергетска криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во Буџетот за помош на граѓаните, велат од СДСМ и додаваат дека градоначалничката Арсовска има ингеренции врз топлинската енергија.
-Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани, но и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката.
Поточно, Член 151 став 1 од Законот за енергетија вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве дејности:
1) Производство на топлинска енергија;
2) Дистрибуција на топлинска енергија и
3) Снабдување со топлинска енергија.
Срамно е што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани во време на криза.Ова е крајно неодговорен, нечесен и потценувачки однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани, посочуваат од партијата.