ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Задорожњук – Крим и други региони повторно ќе бидат под Украина, тоа е прашање на време

Русија се обидува да му наметне на светот наратив за конечноста на статусот на Крим како дел од Руската Федерација. Оваа вештачка „нова реалност“ грубо ги нарушува основните принципи на меѓународното право, но поради постојаната употреба на притисок, лаги, уцени и поткупување, Русија не ги напушта напорите да го отстрани прашањето за Крим од светскиот дневен ред, вели Задорожњук.

January 13, 2022 13:25
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Крим и некои региони на Доњецката и Луганската област дефинитивно ќе се вратат под контрола на Украина, дома. Тоа е прашање на време. Не постои единствен „рецепт“ за враќање на териториите на Украина привремено окупирани од страна на Русија, но ние се стремиме да го решиме овој проблем на политичко-дипломатски начин, вели во интервју, амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук.

Според Задорожњук, Украина презема мерки, преку дипломатски канали да ги врати териториите заземени од Руската Федерација – Крим и одредени региони на Доњецката и Луганската област.

„На 29 септември 2021 година, Владата на Украина го одобри Акциониот план на Стратегијата за деокупација и реинтеграција на Крим, кој на 24 март Претседателот на Украина, Володимир Зеленскиј, го стави во сила. Националната стратегија за деокупација и реинтеграција на Крим е првиот задолжителен и темелен рамковен документ кој ги поставува клучните принципи, пристапи и насоки на работата на државата за ослободување на полуостровот. Акциониот план содржи 158 точки во десет делови: „Заштита на човековите права и слободи“, „Правна заштита на граѓаните и правните лица на Украина“, „Меѓународна соработка“, „Зајакнување на националната стабилност“, „Одбрана и безбедносна политика“, „Карактеристики на јавната политика за обезбедување на деокупација на Крим“, како и делови за економски, социјални, хуманитарни, еколошки и информативни политики. Властите ќе ги преземаат овие мерки сè додека Русија не го напушти полуостровот, вели Задорожњук. 

Амбасадорката рече дека на 23 август 2021 година била создадена „Кримската платформа“, која е клучна алатка за деокупација и реинтеграција на Крим на меѓународно политичко ниво, консолидација на меѓународните напори за деокупација на Крим.

Наталија Задорожњук – амбасадорка на Украина во Северна Македонија

„Русија се обидува да му наметне на светот наратив за конечноста на статусот на Крим како дел од Руската Федерација. Оваа вештачка „нова реалност“ грубо ги нарушува основните принципи на меѓународното право, но поради постојаната употреба на притисок, лаги, уцени и поткупување, Русија не ги напушта напорите да го отстрани прашањето за Крим од светскиот дневен ред. Кримската платформа е заштита од овие дезинформации и ја зацврстува консолидираната позиција за тоа, дека Крим е Украина.

Амбасадорката Задорожњук ѝ се заблагодари на Република Северна Македонија, која заедно со земјите од Европска Унија и НАТО е официјален учесник во Кримската платформа.

„Ние, исто така, го цениме тоа што Северна Македонија не само што ги поддржува сите украински резолуции за Крим, туку е и нивен коавтор. Конкретно, тоа се резолуциите усвоени во рамки на Генералното собрание на ОН – „Проблемот на милитаризација на Автономната Република Крим и градот Севастопол, Украина и делови од Црното и Азовското Море“ и „Ситуацијата со човековите права во Автономната Република Крим и градот Севастопол, Украина“.

Cracked brick wall painted with a Ukrainian flag on the left and a Russian flag on the right.

Во интервјуто, амасадорката на Украина, Наталија Задорожњук апелираме до почитуваните експерти, да го пренесуваат не само она што го пишува руската пропаганда, туку да користат, ако не украински, тогаш барем сериозни материјали на англиски јазик.

Задорожњук нагласи дека Амбасадата на Украина, пак од своја страна, е секогаш отворена за печатот и е подготвена да обезбеди целосни информации за кое било прашање.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk