ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Бетмен распали по Данела и БЕГ: Најнеспособни суштества од постоењето на светов

January 14, 2022 12:45
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Богдан Илиевски, познат како Бетмен велит, кој беше еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ на социјалните мрежи распали по БЕГ и по се изгледа, ако се следат нејзините обврски, и по градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за парното. „…ако ЕДЕН ден снема парно Скопје и сите уклучат греалици/калорифери/инвертери… ќе снема и струја, бидејќи мрежата не е проектирана за да нема парно греење. И ќе се вратиме во среден век – и формално. Така да се надевам дека овие најнеспособни суштества од постоењето на светов и веков ќе успеат некако на шашма утре да се справат со проблемот и да не се реализира најавениот ризик од „викенд на мртовци“ во Скопје, без парно на минус десет“ пишува Илиевски на Фејсбук.

Со овој статус тој го напаѓа БЕГ по нивното соопштение дека имаат средства за снабдување на скопјани со топлотна енергија само уште еден ден, но истиот може да се однесува и за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која според Законот за енергетика е одговорна за снабдување на градот со топлотна енергија. Што е уште еден аргумент дека критиката се насочува и кон неа.

Согласно Законот за енергетика и Законот за комунална дејност Град Скопје и општините се задолжени да обезбедат сигурност во снабдувањето со топлинска енергија за граѓаните, тие останаа неподготвени бидејќи во рамките на нивните буџети тоа не беше предвидено.

За да излезе во пресрет и на БЕГ и на општините и Градот Скопје, Владата се понуди да плаќа 80 отсто од разликата од актуелната до реалната цена на топлинска енергија, а општините да платат само 20, но градоначалничката Аровска изјави дека нема да излезе во пресрет на граѓаните и одби да плати.

Затоа, ако постот ги критикува одговорните за парното, дел од коментарот мора да е наменет и за Арсовска.

Илиевски во статусот, освен што БЕГ и другите надлежни, а се виде јасно кој има законски обврски, ги нарекува „најнеспособни суштества од постоењето на светот“ наведува дека се надева дека ќе успеат да се справат со проблемот, за да не остане градот Скопје без парно.

Д. Е.

Next Post

Арсовска за директор поставува разузнавач близок до ДПМНЕ, чиј татко е учесник во упадот во Собранието

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Гвинет Палтроу за поранешните љубови: Бен Афлек технички одличен, Бред Пит љубов на животот

January 7, 2026
Апсење на Николас Мадуро и геополитички последици по падот на Мадуро

Падот на Мадуро и скриениот губитник: Која држава ќе ја плати највисоката цена

January 7, 2026
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Божиќ – празникот на Христовото раѓање и зошто православните го слават на 7 јануари

January 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk