Ве известуваме дека во вторник, 18 јануари 2022 година, со почеток во 09:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе биде домаќин на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков и на делегација на Владата на Република Бугарија.
Заинтересираните медиумски екипи ќе можат да ја проследат церемонијата за официјален пречек како и заедничката прес-конференција и други медиумски активности во рамки на посетата, за што е неопходно акредитирање на следниот линк: https://forms.gle/
Со цел почитување на КОВИД-19 и безбедносните протоколи, укажуваме дека настанот ќе се организира според Протоколот за одржување на настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирус, односно Протокол бр.72 кој може да го најдете на следниот линк: https://vlada.mk/protokoli-
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
– Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Акредитираните медиумски претставници ќе бидат дополнително информирани за деталната агенда со сите активности во рамки на посетата.