Една од добрите вести во извештајот на „Хјуман рајтс воч“, е дека на диктаторите и автократите им следат лоши години. Оваа теза на генералниот директор на ХРВ се провлекува веќе од минатата година, што е на еден начин продолжување на позитивен тренд кој го согледува ХРВ за разлика од тоа што го гледаат речиси сите други релевантни невладини организации за човекови права во светот, изјави за Утрински брифинг првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала.
Според него има огромен демократски потенцијал кај граѓанките и граѓаните низ целиот свет и смета дека тоа е еден потенцијал кој во догледна иднина ќе го сопре трендот на автократизирање, вели Дерала.
-На демократските лидери често им се случува, притиснати од големите неволји, да знаат да кокетираат со популизмот и при тоа да ги заборават своите основни задачи – а тоа е да ги исполнат очекувањата и надежите да ги заштитат граѓанките и граѓаните од загрозувањата на човековите права и тоа е одличен апел до нив што би влијаел до демократските лидери и би ги охрабрил пожестоко да се борат за заштита на човековите права, потенцира Дерала.
-Самиот извештај има сериозни анализи на состојбите во повеќе од 100 земји и добра вест е дека Северна Македонија не се наоѓа меѓу нив. Земјата е спомната дека имаме свој претставник во тело на ОН која се занимава со човековите права во Шри Ланка, што е мал куриозитет, но спомнати сме дека сè уште се влече опашка на соработката на државните власти со ЦИА, односно со тајните затвори во светот, вели Дерала.