Во денешното издание на „Утрински брифинг“ со Сашо Орданоски, како и секогаш повеќе од десет гости ќе говорат на најактуелните теми во земјава и во светот. Меѓу првите гости беше филмскиот критичар Влатко Галевски. На тема украинско-руска криза, во тек е гостувањето на истражувачкиот новинар Александар Н. Писарев од ЦивилМедиа. Следи гостувањето на проф. Мерсел Биљали, а на програмата е предвиден и Џабир Дерала од ЦИВИЛ, по повод најновиот извештај на Хјуман Рајтс Воч 2022.
Редовните блокови со вести и вклучувања со линк во живо, како и низа други разговори, ќе го одбележат и ова издание на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА