ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Имаше пренос во живо од судењето на Новак Ѓоковиќ во Австралија

January 14, 2022 11:41
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти она што се тврди во постот кој го рецензираме, судењето во живо беше одржано. Поради големиот интерес на светската јавност за овој случај, австралискиот федерален суд реши да го емитува судењето во живо. Сите часови од долгото судење може да се погледнат на Јутјуб каналот на федералниот австралиски суд, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека судењето на тенисерот Новак Ѓоковиќ во Австралија нема да се одвива со директен пренос, иако директниот пренос беше најавен. Насловот на информацијата која што е објавена гласи:

„Промена во последен момент: Нема да има пренос од судењето на Ѓоковиќ еве зошто“.

Судското сослушување во Мелбурн, Австралија, се одвиваше во точно определен термин, на 10 јануари во 10 часот по локално време, што е полноќ меѓу недела и понеделник по средноевропско време.

Тенисерот беше задржан во хотел во Мелбурн откако владата реши да му ја отповика визата за влез, поради наводно недоволно докази дека има право да биде изземен од вакцинација против ковид-19. Ѓоковиќ не е вакциниран против ковид-19, но, сепак, успеал да добие виза за влез во Австралија, затоа што, според неговата одбрана, доставил документи дека прележал ковид на средината на декември 2021 година. Потоа, адвокатскиот тим на Ѓоковиќ ја обжали одлуката на Австралија да му биде одземена визата на Ѓоковиќ и преку јавно судење пренесувано во живо, се одлучуваше дали на Ѓоковиќ ќе му биде одобрен влезот и настапот на Австралија Опен, или ќе биде депортиран.

Судскиот епилог резултираше со тоа Ѓоковиќ да го добие спорот против австралиската влада, а судијата Ентони Кели рече дека одлуката да му се укине визата на тенисерот е неразумна. 

Австралиската влада има право да ја обжали оваа судска одлука, така што не е извесно дали Ѓоковиќ ќе остане во земјата, или ќе биде депортиран.

Наспроти она што се тврди во постот кој го рецензираме, судењето во живо беше одржано. Поради големиот интерес на светската јавност за овој случај, австралискиот федерален суд реши да го емитува судењето во живо. Сите часови од долгото судење, може да се погледнат на Јутјуб каналот на федералниот австралиски суд, овде, овде, овде и овде.

На почетокот на преносот имаше технички проблеми поради кои тој започна со мало задоцнување откако проблемите беа решени. Сепак и новинарите и јавноста можеа да го следат во живо целосното судење, а и бројни новинарски извештаи во реално време се споделуваа, вклучително и самата судска одлука. Сето тоа беше овозможено зашто судењето се пренесуваше во живо.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека тврдењето дека судењето на Новак Ѓоковиќ во последен момент било решено да не се пренесува, е невистинито. Впрочем, и самиот текст не дава никакви детали околу непренесување на судењето, туку само посочува дека поради технички проблеми со преносот, почетокот на сослушувањето доцнело. По половина час, портпаролот на судот извести дека судењето почнало без пренос и се извини поради тоа, пишува „Вистиномер“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk