ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати

January 18, 2022 20:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се обидов само да се држам во рамки на Уставот кој јасно ја утврдува  улогата на нашата држава во однос на заштитата на македонскиот народ и нашите државјани. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам какво било право.

Вака вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ ја објаснува неговата вчерашна изјава дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот зашто тоа е внатрешно прашање на земјите, вклучувајќи ја и Бугарија.

Во интервју за телевизија Телма, Маричиќ нагласува дека за сите отворени прашања со Бугарија, вклучувајќи го и ова, за малцинствата, ќе се разговара.

На прашањето дали има македонско малцинство во Бугарија, вицепремиерот одговори: „Ако таму има луѓе кои така се декларираат, како Македонци, тоа е нивно право и тоа никој неможе да им го ускрати. Нивниот статус во државата Бугарија зависи од уставното уредување на Бугарија и од правата коишто им ги дава таа држава“.

Тој е дециден дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба.

-Нашиот Устав, со 36 амандман од 2019 година, јасно ги утврдува улогата на нашата држава во однос на заштита и на македонскиот народ, но исто така и на нашите државјани. Во тој член од Уставот е утврдено дека РСМ се грижи за правата и за културниот идентитет на македонскиот народ, но и исто така дека се грижи за своите државјани надвор од државата, потенцирам за државјаните кои се во државјанска врска со државата и дека се грижи исто така за деловите на сите други народи кои живеат во РСМ, а се наши државјани и за нивната врска со татковината. Тоа е наша обврска и тоа мора и треба да го правиме. Но, исто така, во истиот амандман, се потенцира дека Северна Македонија нема да се меша во внатрешните прашања на која било друга држава, ниту пак на државите од соседството. Тоа ми беше поентата да го кажам, притоа не негирајќи било што или било кого. Секој има право во Европа да се декларира како што која етничка припадност мисли дека ја има и тие свои права да ги остварува во рамките на државата каде што живее, објасни Маричиќ.

Според него, затоа постојат и голем број конвенции, принципи, повелби и декларации кои ги заштитуваат малцинските права.

-Не би сакал да го коментирам Петков. Можам само да кажам дека за сите отворени прашања ќе разговараме во текот на овој процес што го отворивме денес со неговата посета и ќе имаме можност и на ова да се осврнеме. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам било какво право. Напротив, мислам дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба, а отвореното прашање, кое било отворено прашање, вклучувајќи го и ова, ќе имаме прилика да го разговараме. Прашањата што се отворени меѓу нас и Бугарија се повеќе, не е само едно. Не би било добро поединечно сите прашања да ги коментираме и решаваме. Затоа е толку обемна и структурата што ќе работи на овие отворени прашања: економија, транспорт, историја, европски интеграции, образование и култура. Сите или голем број од прашањата ќе се решаваат во еден погоелм пакет. Во таа смисла, секако дека ќе се осврнеме и на ова прашање, истакна Маричиќ.

извор: МИА
Next Post

Пендаровски: Петков е нестандарден политичар, не употребува реторика препознатлива за поранешни времиња

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk