ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Не успеа спинот за наводното намерно скратување на Химната

January 18, 2022 22:24
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Спинот пласиран од неколку медиуми претежно со сомнителна сопственост, потпомогнати и од спин пропагандата на социјалните мрежи, за наводно намерно скратување на химната на Македонија, не им успеа.

Откако Владата го демантираше и го отфрла како чиста дезинформација објавеното од повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на бугарскиот премиер Кирил Петков, на социјалните мрежи се појавија повеќе објави кои „признаваат“ дека се работи за спин и дека нема намерно отфрлање на делови од химната.

„За волја на вистината како што објаснија од Воениот оркестар, секогаш се свири скратена верзија од нашата и од химната на гостите. Човек може да се избрза кога доволно не знае и во време на вакви подгреани страсти, ама тоа е.. напиша Божидар Божиновски на својот Фејсбук профил.

Снимка од екран од фејсбук профилот од Божидар Божиновски

И Отец Пимен повикува да не се бара скандал таму каде што нема.

„Де бе луѓе, не барајте влакно во јајцето. Во цел свет државните химни на прием на официјални државни делегации се свират од воените оркестри и без текст“, пишува Отец Пимен.

Снимка од екран од фејсбук објавата на Отец Пимен

– Колкави ни се апетитите за големи држави и планинскиот Балкан да го испегламе, пак ќе ни биде мал во однос на соништата, додава Отец Пимен во објавата.

Новинарот Бранко Героски преку објава на фејсбук сакал да каже две работи во врска со ова:

Прво, Владата овој пат е во право, пишува Героски.

Химната не беше скратена, туку беше изведена инструментална верзија на една строфа, при што мелодите на строфите се исти, се повторуваат, пишува Героски

Снимка од екран од фејсбук профилот од Бранко Героски

Второ, како што пишува Героски во објавата, му пречел тонот со кој владата бара од медиумите што објавиле шпекулација да го објават демантот.

Воениот оркестар на Армијата согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали, се наведува во демантот од Владата и додаваат дека е чиста дезинформација дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии.

„Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Северна Македонија така и во светски рамки. Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија може лесно да се утврди при прегледување на снимките на сите претходни пречеци на државници на највисоко ниво кои ја посетувале Република Северна Македонија достапни на Јутуб каналот на Владата.“, се наведува во демантот.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Пендаровски: Барањето Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот е мешање во внатрешните работи

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk