ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Алаѓозовски: „Едно општество за сите“ е политика што треба да остане и кога политичарите се менуваат (ВИДЕО)

January 26, 2022 12:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најважните проекти кои Зоран Заев ги внесе во општеството е „Едно општество за сите“. Се формираше едно широко институционално тело кое беше задолжено да го осмисли и спроведе принципот на стратегијата на тригодишниот план „Едно општество за сите“. Обврска е да се продолжи овој концепт и да се направи нов тригодишен план, вели за Утрински брифинг Роберт Алаѓозовски, координатор на проектот Едно општество за сите на Владата на РСМ.

-За Едно општество да биде функционално треба свесност кај сите вклучително и кај премиерот и министрите. Ние оценуваме дека овој проект е добро поставен, па оправдано е новата влада да се насочи кон овие ургентни актуелни кризи, вели Алаѓозовски.

Телата за имплементација, а со едно координира вицепремиерот Артан Груби, но учествуваат и други министерства и државни агенции. Ова е мултиполарна концепција, појаснува Алаѓозовски.

-Годинава ќе завршат системските промени, очекуваме да се доделат повеќе средства на институциите да си ги завршат преземените и доделените обврски. Таков пример е Министерството за локална самоуправа кое треба да го доврши концептот на унапредување на локалните комисии на советите, вели Алаѓозовски.

Тој додава дека за сѐ треба политичка волја. Комисии на советите се предвидени во закон, но дали ќе се формираат зависи од самите совети.

За овој проект Едно општество за сите, кој ги опфаќа сите заедници, многу малку се слуша на едно повисоко и академско ниво. Алаѓозовски вели дека сега се работи во училиштата, но и дека годинава се очекува напредок со оглед на тоа што ќе се организира голема меѓународна конференција на невладини и граѓански организации со што се очекуваат добри предлози како што имаше и пред три години кога се промовираше проектот.

Таа идеја за поголемо интегрирање на заедниците во општеството е многу добра за промоција на земјата, оти е голем исчекор споредено и со поголеми земји од Македонија. Алаѓозовски вели дека социјалната инклузија и фактот дека мешовитите општества се подобри од ексклузивните треба да се одржува. Културата и образованието се центарот на овој проект и треба секој нов министер да биде упатуван во целите на Едно општество за сите.

Next Post

Холокаустот не е само лекција од минатото, туку е лекција за иднината – одбележан денот на сеќавање на жртвите

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk