ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во грчкото списание „Енкен“ објавен расказот „Наредното евангелие“ на Томислав Османли

January 26, 2022 13:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во најновиот број на Ревијата за култура и уметност, списанието „Енкен“ од Солун е објавен новиот расказ на македонскиот писател Томислав Османли, „Наредното евангелие“.

Во своето ново прозно дело Томислав книжевно ја прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште трагично се соочува човештвото. Расказот е опишан како впечатлив, каде феноменот-пандемијата што ја живееме е доловена како нова драма на човечката цивилизација и во оваа кратка, густа и стежната проза е метафора за накажувањето поради отуѓувањето од основните човечки вредности – солидароноста, социјалната одговорност и сочувственост со другиот, поради профитерскиот егоизам на моќните и на повластените во новото, протекционистичко масовно општество.

Прозата е пишувана со библиски израз каде есхатолошката визија зборува за човечкото општество што е соочено со глобалното отуѓување. Според авторот, општествената поделеност и егоизам се повод за социјалните дистанцирања во денешницата од затворања, самоизолации, осамувања, при што новата реалност се држи на истенчените конци од сочувственоста. Со зборови на горчлива иронија, авторот сочувственоста му ја препишува единствено на бога, која како таква се заканува да стане неизустена катастрофа на светот.

Овој парадигматичен расказ напишан минатата година при трагичните кулминации на првиот бран од пандемијата, до сега го објавија неколку регионални медиуми,  хрватскиот портал Kultura.hr, српскиот Sinhro.rs, босанско-херцеговскиот Astronaut.ba На македонски јазик „Наредното евангелие“ е објавен во „ЛИК“ и прилогот за култура и уметност на „Нова Македонија“.

Грчкото списание „Енекен“ по трет пат објавува книжевен текст на Османли. Беше објавен грчкиот препев на песната „Љубов“ со која македонскиот автор победи на првиот конкурс „Angelo LaVecchia-Анте Поповски“ во 2019 година во Италија. Една од претходните објави го проследи авторскиот портрет низ претставувањето на прозната збирка „Светилка за Ханука“ на 13-от Меѓународен саем на книгата во Солун.

Томислав Османли е роден во Битола во 1956 година. Тој е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Во неговиот творечки опус влегуваат повеќе од 20 книги, бројни раскази и есеи објавени во домашни и странски списанија, книжевни творби и есеи во периодика како и сценски проекти и пиеси. Неговите долгометражни играни сценарија се наградувани и селектирани во поголем број меѓународни филмски фестивали. Османли е добитник на над 15 награди во областа на новинарството, сценариската и драматуршката уметност и критичката дејност за своите влијателни и трајни дела дел од неговото творештво.

извор: МЕТА

 

Next Post

Данска планира да ги укине сите ограничувања против Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk