ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Истражување: 70 отсто од средношколците се сведоци на насилно однесување во училиштата

January 27, 2022 14:42
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 62,7 отсто од учениците сметаат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а во висок процент е присутно и психичкото и сајбер насилството. Седумдесет отсто од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини.

Ова се резултатите од квантитативно истражување спроведено од Тинк тенк организацијата „Аналитика“ со кое биле опфатени учениците од скопските средни училишта „Здравко Цветковски”, „Зеф Љуш Марку“ и „Шаип Јусуф”. Како што соопштија од „Аналитика“, истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав.

Целта е да се утврдат видовите на насилство на кои се изложени учениците во средните училишта, согледување на улогата на наставниците во превенција и делување при насилно однесување во училиштата, но и на останатите чинители во образовниот систем, како што се психолошко-педагошката служба, надлежните институции и родителите.

Истражувањето покажува дека високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи.

Бојана Мијовиќ Христовска од „Аналитика“ истакна дека согласно истражувањето, високи 83,6 отсто покажуваат дека девојчињата се почестите жртви на родово базираното насилство во училиштата.

На прашањето дали сметаат дека наставниците посветуваат доволно време за едукација за превенција и справување со насилството, висок процент на ученици, односно 82,3 отсто, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација.

Речиси во сите училишта постои кодекс на однесување, како и кодекс за постапување при насилство, но сепак тој не е препознаен или не е презентиран на учениците на начин на кој би требало.

Кај 43 отсто од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од страна на наставници во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето на безбедна училишна средина.

Според Тамара Мијовиќ Спасова од „Аналитика“, за да се спречи насилното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата.

– Од добиените одговори забележуваме дека 60 отсто од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности кои имаат за цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив и да создадат безбедна и здрава околина, соопштија од „Аналитика“.

Од „Аналитика“ сметаат дека образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата.

– Потребно е стручната служба да работи на развој на конкретни програми за подигање на свесноста за постоење на насилството, на многу повисоко ниво. Потребна е едукација на учениците за превенција од насилство, што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата. За таа цел, клучно е континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел истите да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима, соопштија спроведувачите на истражувањето.

Инаку, истражувањето е изработено во рамки на проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија”, со финансиска поддршка од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

извор: МИА

Next Post
Расфрлан отпад на кејот на Вардар во Карпош 4; Фото: Мета.мк

И по 82 дена, Данела Арсовска не ги исчисти сите диви депонии низ Скопје

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk