ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Не се со неа

January 27, 2022 12:34
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Јане Ѓорѓиоски

Јане Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Сакав да пишам – не СМЕ со неа, но што има ни крив ни должен да се самовиктимизирам по којзнае кој пат и по којзнае на која тема, за да намалам од колективен терет, да се изземам, односно додадам, на некоја општо прифатена јавна критика или мислење.

Јас, со неа сум, тие, ете, одбираат да не се.

Очи и извадија на министерката, со најдолни мизогини напади и гаден говор на омраза, зашто таа, замислете, како министерка за одбрана на земја членка на НАТО, се осмели да каже дека во оваа руска манџа, Македонија е со НАТО сојузниците.

Да се чуди човек?!

Како со душа да чекаа да ја конзумираат потплатената руска пропаганда зачинета со кратки досетки пласирани на социјалните мрежи што ним им се гледаат симпатични (исто како што им се симпатични вицевите за „цигани“ и „црнци“ да речиме), па си ја голтаат здраво за готово мизогинијата, навредите кон министерката. Како така да треба, како така да ѝ треба. Онака се лигават, сеират, серат, им течат емотикони со сарказам додека добро платената пропагандна машина се насладува од учинокот – Охохо… колку е едноставно да се манипулира со таква една пивтија.

Не се со неа.

Не се ни со Украина, на која очи не ѝ извадија, но никако да се обидат барем да се солидаризираат со неа. Мечката за да покаже заби, за да покаже дека мора да ја играат, се спрема на Украина хируршки да ѝ отстрани важен орган од телото. Путин влегува во срцето на Украина, окупира територии, разместува специјални паравоени сили внатре, стотици илјади војници на граница, се заканува на цел свет дека ако не го остават на мир да ја силува суверената држава, ќе предизвика енергетска криза поголема од оваа што сега ја имаме, мавта со нуклеарки…

Тие што?

Тие, собираат од лигите на разјарениот диктатор, се размачкуваат со нив за да ги истакнат борбените бои, и да му кажат на Путин колку му се лојални. Го „заболе“ него за Македонија, исто како, историски гледано, некогаш Русија што ја има „заболено“ за Македонија. Слепци! Нема тука гледање на национален интерес. Нема тука запазување на контекст во кој би се гледала на пример нашата ситуација и како и врз нас се изживуваат по основ на сила и моќ. Од тој аспект не смее да се чепка. Никако! Не смеат да чепнат сега, ама плачат кога нè чепкаат нас.

Како тоа, ви се молам, да застанат позади еден суверен народ, позади една суверена држава, кога од друга страна се интересите на големиот им силен Путин и од него заузданата гасна и гнасна олигархија?!

Путинова Русија за Украина вели дека тие се измислена држава со измислена нација. Путиновци велат – не постоеле Украинци пред Втора светска војна. Ги потсетува ли ова на нешто што нам во моментов ни се случува? Ги потсетува курац!

Не се и со неа.

Со кого се?


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот   
Next Post

Тренчевска: Со повисока минимална плата вработените ќе имаат поголема продуктивност

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk