ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски-Селаковиќ: Да се подобри положбата на припадниците на националните малцинства во двете земји

January 27, 2022 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска во Скопје се сретна со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод празникот на Свети Сава, што се одбележува како Национален ден на Србите, соопштија од српското МНР, јави дописникот на МИА од Белград.

– Годинава поради Ковид-19 Република Северна Македонија е единствената земја во регионот во која за српското малцинство се организира прослава на празникот Свети Сава и Светосавска академија. Тоа беше причината за средбата со претседателот Пендаровски, што помина во топла, пријателска и празнична атмосфера, изјави Селаковиќ по средбата.

Шефот на српската дипломатија додаде дека разговарале и за тоа што можат двете земји да направат за подобрување на положбата на припадниците на националните малцинства, како во Србија, така и во Северна Македонија.

– Му благодарам на претседателот Пендаровски што излезе во пресрет, за желбата да се одржи една ваква средба, и на нас е да ги негуваме добрососедските односи со Северна Македонија, изјави Селаковиќ.

Тој додаде дека на средбата било разговарано и за продлабочување на економската соработка и важноста на иницијативата „Отворен Балкан“.

– Нашиот фокус е на меѓусебно почитување, негување пријателски и добрососедски односи, но и продлабочување на нашата соработка на сите полиња, со сериозен акцент на економската соработка, кажа Селаковиќ.

На средбата со претседателот на Северна Македонија, освен министерот Селаковиќ, присуствуваа и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ и претставници на српската заедница во Северна Македонија, соопштија од српското МНР.

Министерот Селаковиќ вечерва во Скопје ќе се обрати и на Светосавската академија во НУ „Македонски народен театар“ по повод Националниот празник на Србите во Северна Македонија.

Next Post

Ван дер Белен: Неопходно е да се сочува споменот на жртвите на холокаустот

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk