ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС

    (ФОТО и ВИДЕО) По децении запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, се подготвува проект за целосна реконструкција

    (ВИДЕО) Живот без смартфон и имејл, Одисеја во ИМАКС: Ексклузивно интервју на Кристофер Нолан за „60 Minutes“

    Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    Кијив 24 мај 2026 година. Фото: (Државна служба за вонредни состојби на Украина/Телеграм)

    Во масивен руски напад со ракети и дронови на Кијив загинаа две лица, повредени се над 80

    Белград, протести. Фото: Скриншот

    Големи протести во Србија, студентите бараат предвремени избори

    (ВИДЕО) Усик едвај избегна сензационален пораз од поранешниот кикбоксер Рико Верхувен

    Фото: МИА

    24 Мај – Денот кога словото стана идентитет

    Фото: Кабинет на Претседател

    Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

    Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    Фото: Град Скопје

    Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

    ​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

    Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

    СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

    Западноафриканска магија на ОФФест: Виртуозното трио „Guitari Baro“ доаѓа во Скопје

    Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

    Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

    Фото: Собрание на Република Северна Македонија

    Граѓанските организации апелираат: Пратениците да не го поддржат бришењето на невладиниот сектор од Законот за игри на среќа

    Анаис. Мотив, Охрид

    Викенд хороскоп на Анаис за 23 и 24 мај 2026: Оперативна прецизност и подготовка на системот

    САД објавија нова серија тајни документи за НЛО: Пријавени зелени сфери и огнени топки

    Скршеното огледало на апсурдот, носорозите меѓу нас

  • ПОЛИТИКА

    Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

    СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

    Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

    Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

    ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

    (ВИДЕО) Филипче со јавен повик до Мицкоски: Да ги донесеме уставните измени заедно, СДСМ ќе ја сподели одговорноста

    НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

    Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

    Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

    Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ​„Студентарија“ алармира: Студентите во реновираните домови ќе плаќаат поскапо сместување

    Фуркан Салиу: За две години власта ја врати меѓуетничката омраза и го блокираше патот кон ЕУ

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    Тестот со патката: Кога некој звучи како Кремљ

  • ОПШТЕСТВО

    Конференција во Скопје: Жените извршуваат над 76% од неплатената работа за грижа, потребна е системска трансформација

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

    „Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

    Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

    Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

    20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

    „Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

    Илустрација Фронтајн

    Од денеска целосно оперативен ЕЕС системот за влез во ЕУ: Што треба да знаат патниците и возачите?

  • СВЕТ

    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендент

    (ВИДЕО) Кралски говор во Британија: Владата на Стармер предлага 37 нови закони за економски раст и национална безбедност

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

    Фото: МИА

    Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

    Фото: ССМ

    Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Настан во Прилеп во чест на Дарко Дамески: 55 години од „Златната арена“ за „Црно семе“

    Почнува 52-то издание на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени

    Добрила и Дориан го промовираат својот трет албум „Wind To Blow“, концертната премиера закажана на ОФФест

    Италијанска музичко-поетска вечер во Филхармонија на „Скопје брас фестивал“

    Нина Ангеловска ја објави својата прва книга „Ништо случајно“: Отворено за бизнисот, политиката и мајчинството

    „Фолтин“ слави 30 години од првиот концерт: Промовирано јубилејно лого дизајнирано од Зоран Кардула

  • СПОРТ

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Пеп Гвардиола откри зошто го напушта Манчестер Сити по 10 години: „Задоволен, среќен и горд“

    (ВИДЕО) Шок во Англија: Тухел го објави списокот за Светското првенство, нема неколку фудбалски ѕвезди

    Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

    Илустрација Фронтлајн

    Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    Фото: ВИ

    ​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

    ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

Home АНАЛИЗИ

Вести од Источниот фронт

За војната и мирот: историјата, сегашноста и перспективите на руско-украинската војна

January 28, 2022 14:24
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Руските тенкови во офанзива против Украина, декември 2014 година (извор: www.lugansk-news.com)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Светскиот мир виси на конец. Руската армада е на границите на Украина, спремна да ја обнови агресијата започната во 2014 година. Не треба да се биде Магелан, за да се открие дека руската воена машинерија е закана за целиот регион на поранешниот Советски Сојуз, со гласно изразени апетити насочени кон земјите членки на поранешниот Варшавски пакт. Руско-украинскиот конфликт е само еден од 57 оружени конфликти во светот денес, но ако избие, ќе биде еден од најопасните по светскиот мир. Што се случува на „Источниот фронт“?

Декласифициран документ на американското разузнавање: проценка на движењето на руската армија на 3 декември 2021 година (извор: Wikimedia Commons)

Ѕвекање на оружјето и дипломатско-пропагандни „игри“

Русија не отстапува од своите апсурдни барања, НАТО да се повлече во границите пред 1997 година. САД и НАТО го задоволија барањето на руската страна и достави писмени гаранции (26 јануари) во кои на Русија ѝ се гарантира безбедноста и сувереноста и се повикува на повторно воспоставување на дипломатските односи.

Русија постојано се обидува да се прикаже како жртва, како таа да е нападната. Тоа најдобро го опишува украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, во интервјуто (13 јануари 2022) во кое, меѓу другото, вели:

„Русите самите провоцираат, напаѓаат, окупираат, убиваат и при тоа чувствуваат „опасност“. Би било смешно да не е толку тажно!“

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров одговори на прес конференција веќе наредниот ден (27 јануари), изјави дека документот е основа за понатамошни разговори, но дека не дава одговор на главните барања на неговата земја (повлекување на НАТО и Украина никогаш да не биде дел од таа структура).

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров (извор: веб страната на руското МНР)

Лавров се повикува на 90-те години од минатиот век кога, според неговото разбирање на нештата, НАТО „свечено ветил“ дека нема да се шири повеќе:

„Во раните 90-ти, поточно во 1990 година, кога Германија беше повторно обединета и прашањето за европската безбедност беше покренато, тие свечено ветија дека НАТО нема да се шири ни инч повеќе кон исток, преку реката Одра:“

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден, ги повика лидерите на ЕУ на доверлива видео врска (24 јануари) и ги зацврсти позициите и единствениот став на сојузниците од Стариот контитент. Веднаш по таа видео средба, низ светот проструија „вестите“ дека во ЕУ и НАТО нема единство, ни оддалеку.

Но и тоа е дел од „играта“ во која креирањето на јавното мислење и перцепциите можат да одиграат важна улога на зелената маса, но и на потенцијалното боиште. Вистината е некаде на средината. Ниту земјите членки на ЕУ не се единствени (а кога биле), ниту разликите во поглед на ѕвецкањето на руското оружје се толку големи како што тоа руската пропаганда сака да го прикаже.

Кога започна конфликтот?

Во разни варијанти, од осамостојувањето до 2014 година со Украина владееја проруски марионетски гарнитури. Последната таква фигура беше Виктор Јанукович чие владеење беше нагласено проруско и авторитарно по угледот на неговиот „тутор“, Владимир Путин. Крајот на авторитарно владеење на Јанукович го означи Револуцијата на достоинството, познато и како Мајданска револуција.

Веднаш по воспоставувањето на новата демократска власт, Украина како слободна, независна и суверена земја, веќе го започна процесот на своите евроатлантски интеграции. Тој процес го сопре воената агресија од Русија. Војната, сега уште пострашна и поголема од онаа во 2014 година, тропа на вратите.

Перцепцијата на просечниот консумент на медиумскиот инфотеинмент е дека кризата започна со натрупување на руските трупи и тешко вооружување на украинската граница во ноември и декември, 2021 година. Но воениот конфликт започна со руската инвазија на 20 февруари 2014 година. Русија го окупира полуостровот Крим, го поттикна и до денес го одржува оружениот конфликт преку добро снабдените проруски паравојски во источниот дел на Украина.

Руската агресија беше „покриена“ со Калаш-референдуми. Под закана со оружје, меѓу другите и од паравоените групи наречени „Руска православна армија“, по окупацијата на институциите во источните делови од земјата и на Крим, проруските милитанти спроведоа „блиц“ референдуми за отцепување од Украина.

Припадници на „Руската православна армија“ во Доњецк, Украина

Украинците со крв ја бранеа својата слобода и суверенитет. Така, во судирите во Одеса во 2014 година загинаа 42 лица (Извештај на ОХЦР при ОН). Од почетокот на агресијата врз Украина, оружените судири однесоа околу 14.000 жртви.

Решение на кризата е можно, но и воените сценарија се во игра

Руската чизма веќе осум години гази на 7,2% украинска територија, а од ноември 2021, Путин „турира“ со тенковите и ’ржи со повеќе од 120.000 војници вдолж украинската граница, заканувајќи се со целосна инвазија.

Целосно решение на оваа криза е можно само со целосно повлекување на руските трупи од украинско тло, но и повлекување на руските хибридни напади и финансирањето на проруските паравојски во источниот дел на Украина. Што нема да се случи.

Военото сценарио не е исклучено, ниту сега, ниту во иднина, но и губитоците на руска страна ќе бидат катастрофални. Од повеќето можни воени сценарија, две се најчесто во оптек. Според првото, руската армија ќе се обиде да продре до Киев, ќе ја сруши сегашната и ќе воспостави марионетска гарнитура на власт. Второто сценарио предвидува продор во деловите кои се под контрола на проруските паравојски во источниот дел од Украина и поврзување на тие територии со Крим кој сега е под окупација на руската армија.

Веројатно, Путин е свесен дека целосната инвазија ќе ја чини Русија и него самиот, премногу скапо и тоа на многу долг рок, со сите импликации кои не се само воени и политички, туку и економски, социјални и енергетски. Но тој и структурите што се градат уште од времето на Ленин и Сталин нема да се откажат од хибридната (порано попозната како „специјална“) војна со Западот и креирањето проруски режими секаде каде што за тоа ќе се создадат услови.

Меѓу реалната воена моќ и „маскировката“

Паралелно со ѕвецкањето на конвенционалното оружје, руската пропаганда и хибридните тактики, без и со воени дејствија, се засилуваат до таа мерка што и најнаивните веќе јасно ги чувствуваат тешките последици од „долгата игра“ на поранешниот оперативец на КГБ. Тие последици веќе одамна се чувствуваат многу пошироко и многу подлабоко отколку само во регионот на поранешниот Советски Сојуз. Пример за тоа е Западен Балкан каде што јавноста секојдневно се „бомбардира“ со дезинформации и проруска пропаганда.

Како што стојат работите, станува сѐ поочигледно дека руската страна располага со подобра пропаганда отколку со реални капацитети да ги оствари своите закани. Путин е на чело на воена машинерија со изразито офанзивен карактер, но со безброј слабости кои не ѝ даваат можност за целосна контрола на големи територии.

Имиџот на руската огнена моќ повеќе е „маскировка“ отколку реалност. Според воените експерти, руското вооружување ни оддалеку не го надминува ни кинеското, а камоли американското (Путиновата „маскировка“ и реалната (не)моќ на руската воена машинерија). Во секој случај, руската армија е доволно голема и моќна да предизвика огромни и трагични штети. Руското оружје е издржливо и има низа предности, но не доволно за да претставува долготрајна и ултимативна закана за воените ривали. (Пример: Наспроти големиот број слабости, еден од подобрите примери за достигнувањата на руската воена технологија е тенкот Т-72 кој на производната лента застана во 1972 година. Досега се произведени повеќе од 50.000 тенкови Т-72.)

Рускиот Т-72 (извор: Wikimedia Commons)

Извесно е дека во воен конфликт, соочена со украинската одбрана на домашниот праг, помогната и од НАТО сојузниците, руската страна би претрпела несогледливи губитоци во секоја смисла на зборот. А тоа ќе му нанесе и фатална политичка штета на студениот автократ во Кремљ. Затоа, на политичарот со покерашки студен израз на лицето му е потребен широк дипломатски, воен и „хибриден“ фронт, за да извлече што е можно повеќе од Западот, со исклучително високи влогови, во партија со крајно неизвесен крај.

Украински специјалци

Украина не се враќа во руското јато, но кои се перспективите?

Без оглед на гигантските воено-политички операции за враќање во „јатото“, Украина веќе одамна е далеку од Русија. Ако некогаш и имаше можности да ја држи под контрола, преку марионети како Јанукович, по инвазијата во 2014 и најновите закани со стоилјадна војска и артилерија, Русија ја изгуби Украина на неизвесно долг рок.

Воедно, треба да се има предвид и растечката воена моќ на Украина. Кога во 2014 година Русија изврши агресија, украинската армија беше слаба и зависеше од слабо обучените и уште послабо вооружените доброволци. Тоа беше последица од децениското запоставување што го спроведуваат руските марионетски власти.

Денес, украинската армија е модерна, добро обучена и вооружена. Само американската помош на Украина од критичната 2014 година до сега, изнесува 5,4 милијарди долари, наменети како за мирнодопски развој, така и за одбраната на земјата. За кратко време, Украина успеа да постигне високи НАТО стандарди и веќе е подготвена за членство во Алијансата, што веројатно и ќе се случи во перспектива.

Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Сепак, таа перспектива останува неизвесна. Многу „ако“ стојат меѓу сегашните состојби и украинските аспирации за слобода и евроатлантски интеграции. Зависи од исходот на сегашната криза, од воено-дипломатските преговори и спогодби кои претстојат, ако Украина се ослободи од руската воена окупација на дел од својата територија, регионалниот контекст и руската експанзија и хегемонија во други екс-советски републики… Сето тоа и многу повеќе, се бариери за чие надминување постојат безброј опречни сценарија.

Русија зависи од Украина, не обратно

Украина ѝ е важна на Русија во секој поглед – историски, политички и економски. Ако се задржиме само на економските интереси и тоа само во една категорија, може лесно да се заклучи колку, всушност, Русија зависи од Украина, а не обратно.

Половината од руските гасоводи минуваат низ Украина. Гасот кој Русија го претвори во оружје на својата деструктивна политика, нема вечно да биде брана за остри мерки против Путин. Тогаш, на Путин ќе му дојде редот да оди на сè или ништо, со други зборови, ќе стане крајно опасен.

Руските гасоводи кон Европа на украинско тло (извор: abc.net.au)

Губејќи ја Украина, единствено што му преостанува на Путин е да го прошири фронтот и да ги „изрекетира“ ЕУ и САД за отстапки на кои никој со здрав разум не би се согласил. Дури и да сака Западот да направи отстапки, не постојат услови за задоволување на руските апетити во услови на демократски поредок во делот од светот на кој Путин атакува подолго од една деценија. Сега Путин е принуден, ако сака да опстане, да се коцка со трпнието на НАТО и на Западот, за да купи време за себе и за руските олигарси. Што не е едноставно.

Европското „слепило“ низ историјата

Можеби за оние што се пречувствителни, споредбата што следи ќе звучи премногу остро, но ситуацијата во последните десетина години наликува на онаа во 30-те години на 20-от век. И во тоа време, демократскиот дел од светот со години ги затвораше очите пред растежот на нацизмот во сопствените општества, а уште повеќе пред воената експанзија на диктаторските режими во Италија и Јапонија, а набрзо потоа и на Германија (Силите на Оската) која, под јаремот на Хитлер, тргна во освојување на целиот свет.

(Видео линкови: Во 1931 година Јапонија ја нападна Манџурија. Во 1935 година Мусолини нареди инвазија на Етиопија. Во 1936 година се удрија темелите на Оската. Во 1938 година Хитлер е топло пречекан во Австрија (Anschluss), а малку подоцна, истата година, Судетската област во Чешка влезе во состав на Германија.)

Хитлер и Сталин во карикатурата на Клифорд К. Бариман во „Вашингтон стар“, 1939 година, наслов: „Се прашувате колку ќе трае медениот месец?“ (извор: Wikimedia Commons)

Тие политики на затворање на очите од едната и агресија и геноцид од другата страна, го втурнаа светот во војна со над 60 милиони жртви. Во тој период, воениот експанзионизам на Советскиот Сојуз под челичната канџа на Сталин, кој ѝ се придружи на Оската со Минхенската спогодба (1938) и Пактот за ненапаѓање (1939), некако помина под радарот на историографијата, барем онаа што беше и е под влијание на Русија.

Злокобната предност на авторитарните режими

Путин отвора и затвора воени жаришта според своја волја. Тој не подлежи на било каков облик на демократска контрола. Џојстикот на моќта е во неговите раце и тој ужива во својата неприкосновена моќ, заштитена со моќниот репресивен апарат, самиот да одлучува за војната или мирот во светот.

„Цар на Русија и Крим“, карикатура од Велеман, 2014 (Wikimedia Commons)

Неволјата со авторитарни режими е во тоа што тие секогаш имаат една, да ја наречеме, злокобна предност. Демократските држави се бавни и нерешителни кога се работи за екстремни потези во политиката, како што е војната. Одлуката за војна или мир во недемократските држави зависи од волјата на еден човек или мала група моќници кои не одговараат пред никого освен пред сопствените апетити. Или, едноставно, се помрачени умови.

Како и некогаш, така и сега, авторитарните режими имаат услови побрзо да дејствуваат, без притоа да бидат критикувани од домашните институции и  јавноста, бидејќи ги контролираат. Рецептот е едноставен и функционира одлично!

NOTA BENE

Пропагандата може да ги замагли фактите, но не може да ги избрише. Во фактите не мора да се верува, тие може да се проверат. Ни пропагандата не може да ѝ побегне на реалноста.

Сите права се задржани.

Next Post

Пентагон: Русија ги зголемила своите сили на границата со Украина до 62 батаљони

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

(ФОТО и ВИДЕО) По децении запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, се подготвува проект за целосна реконструкција

May 24, 2026

(ВИДЕО) Живот без смартфон и имејл, Одисеја во ИМАКС: Ексклузивно интервју на Кристофер Нолан за „60 Minutes“

May 24, 2026

Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

May 24, 2026
Кијив 24 мај 2026 година. Фото: (Државна служба за вонредни состојби на Украина/Телеграм)

Во масивен руски напад со ракети и дронови на Кијив загинаа две лица, повредени се над 80

May 24, 2026
Белград, протести. Фото: Скриншот

Големи протести во Србија, студентите бараат предвремени избори

May 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Бугарија со „Бангаранга“ е победник на Евровизија 2026!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните револтирани од хаосот со влезниците за Дејвид Гета за 8. Септември, Авалон лимитира коментари на Фејсбук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk