ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

January 29, 2022 21:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година. На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година, пишува „Вистиномер“.

Во постот објавен на социјалната мрежа Фејсбук, прикажана е фотографија од книга со наслов „Understanding Omicron Variant”. Во описот на постот авторот вели:

Книгата „Да го разбереме ОМИКРОН сојот” е заштитена со авторски права во 2020г. (Види слика). Омикрон е откриен пред месец дена а книгата е објавена во 2020, една година пред откривањето на ОМИКРОН во 2021. Затаил Матриксот?
Оваа книга, која авторот сам си ја објавил без издавачка куќа, се тврди дека е авторизирана во 2020 уште пред да постои омикрон варијантата на коронавирусот и оваа фотографија широко се користеше на интернет во еден куп коментари за да се инсинуираат докази за теорија на заговор.
Станува збор за книга на 106 страници која првпат се појави достапна за продажба на Амазон, на 5 декември 2021 година.

Авторка на книгата е докторката Тереза Бишоп, а насловната страница тврди дека во книгата читателите ќе пронајдат сè што треба да знаат за омикрон варијантата – од каде доаѓа, одговори на прашањата што ги имаат и други најнови информации за да бидат добро информирани. Корисниците на социјалните мрежи оттогаш ја користат оваа книга за да покажат дека наводно има сцениран и планиран тек на настаните со појавата на омикрон варијантата.

Кои се фактите за омикрон?

Омикрон варијантата беше откриена на 9 ноември 2021 година. Светската здравствена организација на 26 ноември 2021 година, советувана од Техничкиот совет за еволуција на вируси на СЗО, ја означи варијантата B.1.1.529 како загрижувачка варијанта. Оваа одлука беше базирана на фактот што омикрон има неколку мутации коишто може да имаат влијание на тоа како овој сој се однесува, на пример, колку брзо се шири и сериозноста на болеста што ја предизвикува.

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга (International Standard Book Number – ISBN), од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Овој број открива врски на книгата со Јужна Каролина.

Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing).

Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година.

Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Наместо “Understanding Omicron Variant”, треба да стои „Understanding The Omicron Variant”.

Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година, објавена од истата адреса во Јужна Каролина.

На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година.

Поради фактот што не постојат никакви докази дека оваа книга е објавена и достапна за продажба пред декември 2021 година, како неточно го оценуваме тврдењето дека книгата е заштитена со авторски права во 2020 година, пред да постои омикрон варијантата. Оваа информација за заштитата со авторски права од 2020 година е поправена и сега во сегашната верзија на книгата е со датум од 2021 година. Исто така, станува збор за авторка која самата себеси се објавила (self published) така што процесот на контрола е изостанат во поглед на печатните грешки коишто постојат во оваа книга и за кои се напишани и неколку лоши оценки од читателите, пишува „Вистиномер“.

Next Post

Активни 18.909 случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk