Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 279 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 110, непочитување на брзината на движење 30 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 46 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се осум санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас и две санкции за управување под дејство на алкохол.
Од МВР известуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за посигурни патишта.







