ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала: Партиите да не ги киднапираат процесите, една изборна единица и предвремени избори не одат заедно (ВИДЕО)

February 2, 2022 13:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во последно време, се погласни се политичарите со иницијативи за измени во изборниот систем. Една изборна единица е најновата играчка во македонската политичка игротека. Истовремено, дел од политичарите во земјата бараат предвремени избори. Тие две работи не одат заедно“, вели Џабир Дерала во најавата за работата на ЦИВИЛ, за организирање серија панел дискусии на актуелни светски и домашни теми, најмалку еднаш неделно.

Тој нагласува дека секоја промена во Изборниот законик неопходно е да се направи најмалку шест месеци пред било каков изборен процес.

„Да не зборуваме за тоа колку време и ресурси се потребни за коренита промена каква што е изборниот модел. Тоа секако мора да оди во пакет со креирање нов Изборен законик што, самото по себе, претставува долг и деликатен процес кој не смее да помине без учество на граѓанките и граѓаните преку различните облици на организирање кои им се на располагање во една демократска земја. За тоа е потребно знаење и искуство, познавање на приликите, на законите, на тоа како функционираат тие закони, како, кој и колку успева да ги имплементира законските регулативи поврзани со изборните процеси. И најважното – дали и колку се почитува правото на глас, едно од фундаменталните човекови права! Бидејќи, да потсетиме, изборниот систем, изборната регулатива и самите изборни процеси се спроведуваат, замислете си, за граѓанките и граѓаните! Не за политичките партии, туку за луѓето да донесат информирана одлука и да изберат кој најмногу им одговара да им служи.“, истакна Дерала.

Ова звучи како фантастична приказна, вели Дерала, затоа што партиите се однесуваат како да се центарот на светот и како се да постои за нив и само за нив. Но ако тргнат во менување на изборниот систем без да ги земат предвид знаењата и искуствата на граѓанските организации и експертите – единствениот успех што ќе го забележат ќе биде да го дотепаат и онака разнишаниот изборен систем во земјата.

„Дел од македонските политичари и нивните клубови, пардон, политички партии, се познати по својот омилен спорт: Киднапирање на процесите. За ова и за многу други аспекти на прашањата поврзани со изборните процеси, Цивил напиша и објави публикации на неколку илјади страници а неспоредливо повеќе пишува и објавува секој ден на својата медиумска платформа. Уште повеќе и далеку порано, граѓанската асоцијација Мост предлага добри законски решенија и поведе неколку кампањи за промени во изборниот систем. Една од нив е кампањата за отворени листи уште во 2011 година. Цивил како организација говори за една изборна единица отприлика една деценија. И поранешниот премиер Зоран Заев повика да се воведе една изборна единица уште во 2015 година“, вели Дерала.

Но ништо од тоа, додека калкулантите во политиката не се сетија дека една изборна единица можеби ќе им донесе повеќе моќ, нагласува Дерала.

Не заради гласачите, туку заради себе. А некои од нив воедно бараат и предвремени избори, што укажува само на тоа кои им се мотивите, потенцира Џабир Дерала.

Ј. Ѓ.

Next Post

Бугарскиот претседател е во самоизолација

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk