ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Откупот на тутунот се одвива непречено, досега се откупени 74% од договорното производство

February 2, 2022 16:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени околу 74% од вкупното договорено количество на тутун, односно околу 16.500 тони од вкупно 22 илјади тони за коишто се склучени договори, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Околу 94 отсто од откупениот тутун веќе им е исплатен на тутунопроизводителите од страна на откупувачите. Просечната откупна цена достигна 197 денари по килограм.

„Уште во 2017 година за реколтата од 2017 го реализиравме ветувањето коешто го дадовме на тутунопроизводителите како најбројна категорија на земјоделци кои се занимаваат со оваа значајна земјоделска гранка, која обезбедува над 100 милиони евра девизен прилив во државата. Првенствено преку промена на моделот за субвенционирање што го направивме во 2017 година, воведување на моделот за плаќање по класи, за прва класа 80 денари, за втора класа 70 и за трета класа 60 денари по килограм. Тоа беше ветување пред тутунопроизводителите дадено во 2016 година и реализирано во 2017 година. Донесовме нов Закон за тутун, со којшто се усогласивме со европските директиви и ги олеснивме административните процедури, ги укинавме евидентните листови, тутунарите денеска директно склучуваат договори со откупните компании. Од 2017 година досега се постигнаа највисоки просечни откупни цени за тутунот”, изјави Николовски при денешната посета на прилепскиот регион.

Министерот Николовски потенцираше дека Владата со секоја преземена мерка за тутунопроизводството покажа грижа за оваа гранка, за што говори и исплатата на 5 милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите од Ковид програмата.

Продолжуваме да го вреднуваме трудот на тутунарите, да создаваме поволна бизнис клима за откупните претпријатија, и да сме целосно посветени кон тутунопроизводството како една од најзначајните гранки за македонското земјоделство, рече министерот Николовски.

Next Post

„Џонс Хопкинс“: Докажана штетноста на „локдаунот“, мал ефект врз смртноста за време на пандемијата

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk