ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Волстрит ја забележа најголемата дневна загуба во историјата, а е поврзана со Фејсбук

February 4, 2022 11:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мета, матичната компанија на Фејсбук, вчера изгуби на вредноста за повеќе од 26 отсто бидејќи инвеститорите се разочарани од послабите од очекуваните деловни резултати и стагнацијата на бројот на корисници на оваа социјална мрежа. Тоа беше најлошиот ден на берзата за Фејсбук во неговата историја. Пазарната вредност на оваа компанија падна за 200 милијарди долари, што е најголема дневна загуба досега забележана на Волстрит.

Под притисок се и акциите на другите социјални мрежи, па цената на Твитер падна за повеќе од пет отсто, а на Снап за повеќе од 23 отсто. Не беа поштедени ниту другите технолошки гиганти. Акциите на Алфабет  и Мајкрософт паднаа за повеќе од три отсто, а на Амазон за речиси осум отсто.

Во последните години технолошкиот сектор силно нарасна благодарение на опкружувањето со ниски камати, но овој период се ближи кон својот крај бидејќи клучните каматни стапки на американската Централна банка се очекува да се зголемат во март.

И првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, имаше лош ден на берзата. Тој е убедливо најголемиот поединечен акционер во компанијата, а бидејќи цената на акциите вчера драстично опадна, вредноста на неговиот удел во компанијата опадна за повеќе од 30 милијарди долари. /MИА/.

Next Post
МИА

Контролирани 328 возила кои вршат јавен превоз на деца, 23 исклучени од сообраќај поради неисправност

Shortcut

Најново

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk