ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Молк од институциите за таблата со украинскиот град Севастопољ во „руското“ детско игралиште кај Универзална сала

February 6, 2022 21:54
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Таблата со градот Севастопољ што беше поставена на детското игралиште кај Универзална сала; Фото: Мета.мк

Таблата со градот Севастопољ што беше поставена на детското игралиште кај Универзална сала; Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од еден месец Општина Центар, Град Скопје и Министерството за надворешни работи молчат на прашањата поставени од Мета.мк за новото руско игралиште позади Универзална сала, на кое најпрво беше поставена, а потоа беше отстранета таблата со украинскиот град Севастопољ меѓу имињата на руските градови што се испишани на игралиштето.

Украинската амбасада во Скопје за Мета.мк кон крајот на декември лани потврди дека реагирале до Министерството за надворешни работи и до Градот Скопје, по што таблата со натписот Севастопољ е отстранета од детското игралиште.

„Амбасадорката на Украина во земјава г-ѓа Наталија Задорожњук оствари и низа релевантни средби во МНР каде го изрази ставот за недозволивото учество на официјални претставници од Северна Македонија, посебно раководството на Општина Центар, во обидот на руската страна да го легализира статусот на привремено окупираните територии на Автономната Република Крим и г. Севастопољ како посебен субјект на Руската Федерација“, рекоа за Мета.мк од Украинската амбасада на 24 декември лани.

Инаку, министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин на 31 јануари годинава изјави дека земјава го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и повика на деескалација на состојбата во Украина, додавајќи дека решението за украинската криза треба да се бара преку дијалог и дипломатијата.

Неколку дена подоцна, премиерот Димитар Ковачевски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 3 февруари изјави дека Северна Македонија целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници.

Да потсетиме, детското игралиште со руска тематика беше завршено со изведба од Општина Центар, во соработка со Руската амбасада во Скопје, во текот на предизборието пред локалните избори во октомври лани. Во два наврати пред локалните избори, поранешниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ најави дека привршува изградбата на руското игралиште, при што на 15 октомври беше на увид на терен заедно со рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин. Притоа, самиот Богдановиќ објави дека игралиштето е заедничка инвестиција на Општина Центар и Руската амбасада.

До Општина Центар во два наврати испративме прашања за основни податоци за ова игралиште – колкави средства се одвоени за изградбата, кој ја отстранил таблата со градот Севастопољ од руското игралиште, но и најважното – дали одлуката за изградба на детското игралиште е одобрена од Советот на општина Центар и кој стои позади неговиот дизајн, во кој покрај табли со руските градови, децата си играат на подлога на која е исцртана мапата на Руската Федерација.

Инаку, детското игралиште со руска тематика се изгради во т.н. „Парк на сеќавањето“ позади Универзалната сала, во којшто Општина Центар и Руската амбасада во ноември 2020 година засадија дрвца и го направија да биде „потсетник на младите генерации за жртвите кои биле дадени во Втората светска војна“.

Инаку, на само 100 метри од руското игралиште позади Универзална сала, Општина Центар со поддршка на Руската амбасада во Скопје на 9 мај 2020 година постави и споменик во чест на Денот на победата над фашизмот и милионите војници кои животот го загубиле во Втората светска војна.

извор: МЕТА

Next Post

Се намалуваат залихите на гас во европските складишта

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk