ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватски медиуми: Хакер бара од А1 Хрватска половина милион долари во криптовалути

February 10, 2022 08:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

А1 Хрватска вчера објави дека имало хакерски упад во нивниот систем за податоци и дека податоците на дел од корисниците биле загрозени, јавија хрватските медиуми.

За жал, и покрај напредните мерки за заштита и постојаното подигање на нивото на безбедност, се случи безбедносен инцидент поврзан со една од базите на податоци на корисници, со што се загрозени дел од личните податоци на делот А1 на корисниците“, велат од А1. Според нив, со кражба на податоци биле опфатени околу 10 отсто од вкупниот број корисници на таа мрежа.

Се проценува дека би можело да има најмалку 100.000 корисници, но ова е само прва проценка. Во најлошото сценарио, може да има значително поголем број на корисници.

А1 соопшти и дека поднеле кривична пријава до Полициската управа во Загреб и дека е во тек кривична истрага. Тие, исто така, открија кои лични податоци биле загрозени.

„Интензивно се работи на утврдување на сите факти поврзани со безбедносниот инцидент, а досега компјутерската форензика утврди дека потенцијално се компромитирани податоци на помалку од 10 отсто од корисниците на А1. Податоците што се прикажани се име, адреса, OIB и телефонски број додека картичките и сметките не се компромитирани бидејќи не се достапни во наведената база на податоци. Директно ќе ги информираме сите корисници чии лични податоци се потенцијално загрозени“, додаваат тие.

За порталот Индекс неофицијално било потврдено дека хакерот ја уценувал компанијата откако упаднал во нивните податоци. Тој побарал пари во криптовалути во вредност од околу половина милион долари.

Индекс дознава и дека полицијата го сфатила овој случај крајно сериозно, не само затоа што се работи за уцена во обид да извлече значителна финансиска корист, туку и поради тоа што се однесува на голем број лични податоци. Инаку, лицето кое се претставило како хакер кој упаднал во системот на А1, по електронска пошта информирало повеќе медиуми за се, вклучително и Индекс./MИА/.

Next Post

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција во дводневна работна посета на Северна Македонија  

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk