ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(Инфографик) Учење во раните одделенија и учество на родителите

February 10, 2022 19:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика, во текот на 2018-2019 година го спроведе Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), како дел од Глобалната програма MICS за состојбата на децата и жените, известуваат од ДЗА.

Техничката поддршка ја обезбеди Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада.

Глобалната програма MICS е развиена од страна на УНИЦЕФ во 90-тите години како меѓународна повеќенаменска програма за анкетирање на домаќинствата за поддршка на земјите во прибирањето на меѓународно споредливи податоци за широк спектар на индикатори за состојбата на децата и жените.

Со истражувањето МИКС се мерат клучните индикатори кои им овозможуваат на земјите да создаваат податоци за креирање на политики, програми и национални планови за развој и да го следат напредокот кон целите за одржлив развој (SDG) и други меѓународни договори.

Процент на деца на возраст за 2/3 одделение кои можат 1) точно да прочитаат 90% од зборовите во расказот, 2) да одговорат на три прашања за
буквални значења и 3) да одговорат на две прашања за изведени значења

Процент на деца на возраст за 2/3 одделение кои можат успешно да исполнат задачи со 1) читање броеви, 2) разликување броеви, 3) собирање и 4)
препознавање и дополнување на шеми.

45 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини за читање – т.е. можат правилно да прочитаат 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две прашања за изведени значења. 68 проценти успеале правилно да ги прочитаат зборовите, а само половина точно одговориле на прашањата за изведени значења. 26 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини со броеви – читање и разликување броеви, собирање, и препознавање и дополнување на шеми. 68 проценти успешно разликуваат броеви, но само 41 проценти успеале во задачите за собирање и препознавање и дополнување на шеми. Од децата на возраст 7-14 години, девојчињата ги надминуваат момчињата во основните вештини за читање, 70 проценти имаат основни вештини за учење во споредба со 58 проценти од момчињата. Од друга страна, момчињата покажуваат подобри основни вештини со броеви од девојчињата – 47 проценти наспроти 35 проценти. Генерално, децата од најбогатиот квинтил покажуваат далеку подобри резултати и во вештините за читање и во вештините со броеви во споредба со децата од најсиромашните квинтили. Околу 60 проценти од децата на возраст 7- 14 години имаат три или повеќе книги за читање дома, со значителни разлики помеѓу децата од најбогатите и најсиромашните квинтили – 96 проценти во споредба со 18 проценти.

Учење во раните одделенија: распределба (возраст 7-14 години)

Со модулот Основни вештини за учење се врши директна проценка на способностите за читање и вештини со броеви на децата. Тој е дизајниран да ги оцени основните вештини за учење што се очекуваат по завршувањето на второто одделение од основното образование, со што придонесува за индикаторот ЦОР 4.1.1(а). Овој модул е дел од Прашалникот за деца на возраст 5-17 години, со кој се анкетира едно случајно избрано дете во секое домаќинство. Со модулот се опфатени деца на возраст 7-14 години. Оценувањето на читањето во модулот се состои од пасус за читање и збир од прашања за разбирање поврзани со приказната. Оценувањето е приспособено во секоја земја за да се осигури дека вокабуларот и културните референци се релевантни и соодветни. Вештините со броеви се оценуваат преку четири задачи засновани на универзални математички вештини кои се очекуваат на ниво на второ одделение. Оценувањето на читањето во МИКС за Северна Македонија 2018-2019 година беше спроведено на македонски и албански јазик. Бидејќи со МИКС се прибираат и податоци за посетувањето училиште и за бројни карактеристики на лицата и домаќинствата, како што се локацијата, социо-економскиот статус на домаќинствата и етничката припадност, може да се идентификуваат најмаргинализираните подгрупи на деца за поддршка за подобрување на резултатите од учењето.

Учество на родителите: околина за учење дома и учество на родителите во училишни активности

Мултииндикаторското кластерско истражување во Северна Македонија (МИКС) беше спроведено во 2018-2019 година од страна на Државниот завод за статистика, како дел од глобалната програма МИКС. Стручна поддршка обезбеди Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада. Целта на овој преглед е да се објават избрани наоди од МИКС за Северна Македонија 2018- 2019 година поврзани со учењето во раните одделенија и учеството на родителите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk