ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Технички дефект го предизвика вчерашниот прекин во снабдувањето со струја на Скопје, Велес и дел од Овчеполието

February 14, 2022 11:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашниот прекин во снабдувањето со електрична енергија во Скопје, Велес и дел од Овчеполието е резултат на технички дефект што се случи на еден од далноводите во Пинтија кои го напојуваат Скопје, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Таму, како што кажа, изгорел изолатор на високонапонскиот далновод.

-Како резултат на тоа се случило опожарување на сламата во околината при што веднаш реагирале системите за заштита на МЕПСО, кои се сложени системи што ги штитат трафостаниците кои практично ги напојуваат Скопје, Велес и дел од Овчеполието со електрична енергија, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешното закројување на лозјата во општина Росоман.

Нагласи дека системите за заштита веднаш предизвикале прекинување на напојувањето со електрична енергија во двете насоки и им изрази благодарност на вработените во Диспечерскиот центар на МЕПСО и на техничкиот кадар на компанијата за, како што рече, излегувањето во најкраток рок на терен и за работењето до 3:30 часот изутрина кога успеаја целосно да ги отстранат проблемите.

-Скопје го вратија во системот во многу краток рок преку радијално спојување со електрична енергија, а потоа и корисниците кои се наоѓаат во Бунарџик со отстранување на проблемите. Денеска веќе почнуваат со работа на коригирање на сите проблеми кои се настанати во системот, потенцира Ковачевски и додаде дека се работи за техничка грешка.

Посочи дека и екипи на Министерството за внатрешни работи биле на терен и ќе ја завршат својата работа според професионалните стандарди по кои работат и веројатно, како што рече, и тие ќе имаат соопштение за тоа што се случило исто како што претходно информира МЕПСО.

Прашан дали постои сомнеж дека можеби нешто е подметнато, Ковачевски рече дека тоа единствено може да го кажат стручните лица кои работат во МЕПСО.

-Јас не зборувам за никаков сомнеж, туку за спроведување на сите процедури кои се пропишани според закон и според упатствата за работа во МЕПСО и во другите институции, потенцира Ковачевски./МИА/.

Next Post

Ковачевски: Единството на државата се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk