Агатангел може да го бае и прска грозјето, може да биде гостин и’ да верува религиски во тоа што верува, ама во име на Христ не може да ја нарекува ВМРО-ДПМНЕ света партија, па уште и тој ќе враќал нешто назад со помош на Бог, а во позадина се слушаат безбожните гласови “Така еее”, “Така еее”, гласи Фејсбук објава од активистот Ненад Јовановиќ.
„Што е така, знаете?
Северна Македонија е секуларна држава, Црквата е одвоена од државата; или во превод: државата се занимава со државни работи, а Црквата се занимава со светите работи. Од друга страна сите знаеме која е психологијата и логиката на лажните христијани: штом се малцинство, главчињата им се наведнати; штом се малку побројни или “се е по пеесет”, веднаш се спремни нешто да вратат; а кога ќе станат супериорни или надмоќни, ти велат или да им се приклучиш или да се отселиш.
Одработува Агатангел, одработува и му се лиже на Мицкоски како да фукнал “религиски мултивитамин”, па додека му жубори во стомакот измешан со некој малиган, спремен бил да им ја даде земјата на оние кои “национално ја чувствувале” версус оние кои “национално не ја чувствувале”.
Не е работата на Агатангел да лупета работи кои не ги познава. И не е работата на Црквата да се грижи за државата, тоа е работа на Секуларното општество: и тоа секуларно општество ги штити правата на сите нејзини граѓани. Што значи дека тоа е работа на секуларната држава и општество. Притоа, тоа не е работа само на државата, тоа е работа и на советниците – сите советници – кои биле непосредно гласани на претходните локални избори да носат разумни, демократски и антидискриминаторски одлуки во Општината на град Кавадарци.
Што би значело дека никаква апаратна метафизика на некој поп што удрил пар малигани – и пикајќи му се во прегратка на Мицкоски – не може да го замени Уставниот поредок на Републиката кој е секуларен: Црквата е одвоена од државата.
А ако Агатангел го има мобилниот на неговиот Створител, и притоа уредно му возвраќа повици – тоа е совршено ирелевантно.
Значи, до дечките во фенси панталончиња: друг пат кога ќе го повикуваат Агатангел, нека обратат внимание на дискриминирачките пораки. А, ако тоа не го приметуваат и не го гледаат, јебига, тогаш нека ја променат гардеробата. Па заедно нека “мјаукаат” по Створителот и неговиот “национален мобилен број”, оти, нели, овие другите биле неверни и ненационални“, се вели во објавата.