ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Општините, како и Владата треба да придонесат со своето работење во надминување на предизвиците од енергетската криза

February 16, 2022 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите па и општините, како и Владата треба да придонесат со своето работење и однесување во надминување на предизвиците од енергетската криза. Има инфлација од предизборни ветувања дадени од градоначалниците, но тие во општинските буџети не предвидоа ставка за справување со кризата. Разговорите со нив ќе продолжат во духот на изнаоѓање подобри решенија за справување со кризата, порача премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање денеска по посетата на компанијата „Текспорт“.

-Нормално дека состанок ќе се одржи. Ќе се одржуваат состаноци. Јас имам комуникација како премиер со градоначалниците на теми коишто ги засегаат и сум имал особено како заменик-министер за финансии. Меѓутоа, има една работа, а тоа е дека сите во оваа криза треба да придонесат со своето работење и однесување во надминување на предизвиците од кризата. Општините, односно градоначалниците прво своите изборни програми и сите ветувања коишто ги даваа коишто беа – најголемата инфлација беше во ветувањата. Тоа беа ветувања коишто кога ќе ги ставите на хартија се прашувате на кој начин ќе се финансираат и сега одеднаш гледаме дека тие ветувања ни на интернет не можете да ги најдете. Општините, новите градоначалници сами ги правеа буџетите. Кога се правеше буџетот на Република Северна Македонија во него се предвиде ставка за справување со кризата. Јас сметам дека тоа требаше да го направат и општините, рече премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе одржи состанок со ЗЕЛС кој е на барање од заедницата на локалните самоуправи.

Тој при тоа посочи на примерот со топлификацијата во Скопје, кога од Владата во разговорите со Градот Скопје, посочи, бидејќи станува збор за комунална услуга која што ја обезбедува за граѓаните градот Скопје, беше побарано, само 500 илјади евра учество на Градот, со што, според него, ќе можеа да придонесат во непречено снабдување на граѓаните со топлинска енергија.

-Градот Скопје тоа го одби и Владата го прифати целиот терет. Исто така, општините како и Владата треба да бидат одговорни во намалувањето на тековните трошоци и во зголемувањето на трошоците коишто се однесуваат на справувањето со енергетската криза. Доколку донесат планови во коишто планови е содржано справување со енергетска криза притоа намалување на ставки коишто не се неопходни во овој период, број 1, број 2 доколку го зголемат своето оперативно работење, особено во делот на прибирањето на даноците коишто се исклучиво во надлежност на општините, а вие веќе имате податок дека во општините се собираат само 47 проценти – даноци коишто се изворни приходи на општините и со коишто тие располагаат, нормално дека ние ќе седнеме и се она што е дадено од страна на општините и државата секако дека ќе помогне, рече Ковачевски.

Тој потсети дека државата веќе ги субвенционира трошоците за да се избегне ценовен шок.

-Државата веќе субвенционира електрична енергија да немаме ценовен шок за сите граѓани коишто живеат во сите општини. Малите снабдувачи веќе се исто така на регулираниот пазар, градинките исто така добиваат цена од универзалниот снабдувач, што значи дека таму нема енормно зголемување на цената на електричната енергија, односно тие не се на либерализираниот пазар и електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија, која што беше испорачувана на универзалниот снабдувач – на ЕВН Хоум, сега се испорачува на компаниите на слободниот пазар при што добиваат од таа електрична енергија, пониска цена во однос на берзанската цена која што е на либерализираниот пазар. Што значи да, нормално дека ќе имаме разговори во духот на изнаоѓање на подобри решенија меѓутоа сите страни треба да го дадат својот придонес во духот на справување со кризата, порача премиерот Димитар Ковачевски. /MИА/.

Next Post

Стојчевска: Се врши исплата на јануарските плати во фази, никој нема да остане без плата

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk