ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска-Марти: Пријателството, соработката и поддршката што ја дава Швајцарија ќе продолжи со уште поголем интензитет

February 16, 2022 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија  Вероник Улман Марти. На средбата се  разговараше за тековните и идни проекти финансирани од швајцарски фондови и приоритетите на Министерството во областа на трудот и социјалните политики за идниот период. Министерката Тренчевска рече дека швајцарската поддршка се реализира преку креирање можности за вработување на ранливите групи и дека очекува  проширување на добрата соработка за прашања поврзани со социјалната реформа, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„За мене како министер и за Владата приоритет ни е да ги активираме  ранливите категории на пазарот на трудот за да можат тие сами да обезбедуваат средства за егзистенција. Швајцарската поддршка ја реализираме преку социјалната политика преку која креираме можности за вработување на ранливите групи, младите, лицата со попреченост, Ромите.  За да станат проектите  одржливи, соработката меѓу Владата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор ќе продолжи, затоа што за нас сите граѓани се еднакви“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека во Оперативниот план се имплементирани мерките за вработување, и дека во моментот се работи на повеќе закони кои ги унапредуваат и регулираат односите во областа на трудот и социјалната политика.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман Марти изрази задоволство за веќе реализираните проекти, финансирани и потпомогнати од швајцарската Влада. Покрај повеќето проекти за кои постои заедничка соработка, таа го издвои проектот „Креирање и можности за работа на сите“ кои ги поддржува процесите на активација на младите, ранливите категории на граѓани, вклучително Ромите и лицата со попреченост. Таа потенцираше дека поддршката ќе продолжи и во делот на обезбедувањето на поефикасно функционирање и јакнење на работата на институциите.

На средбата беше посочено дека Швајцарската Конфедерација како земја донатор и понатаму ќе го поддржува остварувањето на приоритетите и проектите значајни за нашата земја,  утврдени во Програмата за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021-2024 година. Швајцарската Влада финансира проекти од областите на социјалната заштита, родовата еднаквост и транспарентност  во работата на општините.  ​

Next Post

Ковачевски: Општините, како и Владата треба да придонесат со своето работење во надминување на предизвиците од енергетската криза

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk