ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Нема влошување на епидемиолошката состојба, во Скопје продолжува скрининг-тестирањето

February 17, 2022 08:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Засега нема влошување на епидемиолошката состојба во државата, а надлежните остануваат на ставот граѓаните да ја примат и третата доза вакцина против КОВИД-19 како најдобра заштита од вирусот. Во сила остануваат истите мерки, откако Уставниот суд вчера не поведе постапка по иницијативата за укинување на КОВИД сертификатите.

Уставниот суд на вчерашната седница не поведе постапка по иницијативната поднесена на Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест КОВИД-19 и сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Судијата известител Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со КОВИД-19, врз основа на препораките на СЗО.

И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото било ограничувањето на движењето. 

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1.091 случај на КОВИД-19, од направени 3.702 тестови. Оздравеа 2.322 пациенти, а починале 36 лица.

Досега во земјава се направени вкупно 1.855.720 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797. Бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829. Има вкупно 8.784 активни случаи.

Во меѓувреме, продолжува серолошкиот скрининг во Скопје. Вчера, со логистичка поддршка од Општина Карпош, на платото во Т.Ц „Лептокарија“, Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, спроведе научно истражување, за да го утврди процентот на луѓе кои стекнале антитела од вирусот Ковид – 19.По случаен избор на граѓани, стручните лица од Институтот земаа примероци од крв, преку кои ќе го анализираат присуството на антитела на КОВИД -19, а по една седмица, граѓаните ќе добијат бесплатен клинички резултат по електронски пат, на својата мејл адреса.

Во рамки на вчерашниот серолошки скрининг во Карпош, беа земени околу 200 единици крв од потребниот примерок за анализа. Истражувањето ќе се спроведе и во другите скопски општини, при што треба да се испитаат вкупно 1.000 примероци, според кои треба да се утврди процентот на колективен имунитет на граѓаните од главниот град.

Серолошкиот скрининг кој почна во Скопје, е планиран да се спроведе на повеќе локации кои не ги откриваат со цел да не доаѓаат луѓе наменски да се тестираат, туку да добијат преглед за состојбата на терен од случајни минувачи.

Повеќе земји во регинот и низ светот ги прилагодуваат мерките и најавуваат враќање кон „новата нормалност“.

Грција реши доплнително да ги олабави мерките воведени пред Нова година, па така, дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега, а по пауза од две години дозволено е организирање училишни екскурзии.

Што се однесува до имунизацијата, засега населението во Грција нема да се вакцинира со четврта доза.

Словенечките епидемиолози пак, предлагаат враќање во „новата нормалност“. Тие и предложија на Владата да ги олесни мерките и да почне со подготовки за „нова нормалност“ во епидемијата чиј петти бран стивнува, бидејќи доминантната варијанта омикрон не резултира со зголемување на пациентите во одделенијата за интензивна нега.

Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи опаѓа стапката на инфекции во државата и тоа сугерира дека бранот поттикнат од сојот Омикрон го достигнал врвот. Канцеларот Олаф Шолц најави дека државата ќе започне со план од три чекори за постепено отстранување на голем дел од сегашните ограничувања до 20 март. Германците, сепак, мора да продолжат да носат заштитни маски и да бидат претпазливи бидејќи пандемијата не е завршена.

И во Шавјацарија се укинуваат речиси сите мерки против КОВИД-19. Оваа држава ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти вчера швајцарската Влада. До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот.

Во Јапонија пак, се забележува рекордна смртност на пациентите со КОВИД-19. Таму текот на вчерашниот ден беше регистриран најголем број на смртни случаи од последици од Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Смртноста е голема иако е забележан пад на бројот на новозаразени со сојот Омикрон./МИА/.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

За минималецот и пензиите се обезбедени средства, во петок прва средба за зголемување на пензиите

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk