ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими-Лукаревска: Владата во поддршка на компаниите и стандардот на граѓаните, намалена царината за 258 суровини, зголемена минималната плата

February 25, 2022 16:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените со минимална плата од следниот месец ќе имаат поголема плата како резултат на одлуката на Владата за зголемување на минималната плата и финансиската помош за компаниите за реализација на оваа мерка. Ова го истакнаа министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска кои денеска посетија две компании Ју-ка дооел Велес и Ука Комерц во Сарај, кои ја поздравуваат поддршката што е обезбедена од државата за да се реализира оваа мерка.

“Минималната плата од март ќе изнесува 18.000 денари за вработените и во приватниот и во јавниот сектор. Ова ја покажува грижата на Владата за работниците и за подигнување на животниот стандард во земјава. Дополнително ова се случува во услови на здравствена и енергетска криза, што уште појасно ја покажува нашата определба како Влада за раст на платите во земјава. Ова е системско решение, кое е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а со кое преку утврдена методологија минималната плата ќе биде заштитена од инфлација и поврзана со порастот на продуктивноста на трудот, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека државата има партнерски однос со стопанството и имајќи ја предвид целокупната тековна состојба, во Буџетот се издвоени 16 милиони евра за субвенционирање на делот на придонесите за зголемување на минималната плата.

„Продолжува партнерскиот однос и поддршката кон стопанство, за што јасно дадодвме до знаење и за време на пандемијата, кога преку пакетите мерки кои ги донесовме во вредност од над милијарда евра, му помогнавме на стопанството и воедно ја стимулиравме економската активност“, рече министерот и посочи на намалувањето на царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали кои ги користат домашните компании и кои ќе влијаат на намалување на нивните трошоци, ќе создадат можност за проширување на производството, нови вработувања и слично. Исто така ги напомена и можностите што стојат на располагање на компаниите преку Развојната банка за инвестиции.

Мерката за зголемување на минималната плата ќе се реализира преку Управата за јавни приходи, за што директорката Лукаревска истакна дека УЈП е подготвена како и при успешната реализацијата на претходните владини антикризни мерки.

„Мерката ќе се реализира преку Управата за јавни приходи со поднесување на пресметките за исплата на плата, а финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика.  Постапката е едноставна односно работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата, за оние лица за кои бара обезбедување на финансиска помош од државата ги  означува со посебна шифра, на која работиме  во моментов и за која ќе известиме дополнително. На крај на месецот после исплатената плата, Управата за јавни приходи ќе достави  извештај  за бараната финансиска помош до МТПС  од каде истата ќе биде исплатена на работодавачит, изјави директорката и наведе ка УЈП успешно ги реализираше владините антикризни мерки и оти е подготвена и за реализација на оваа мерка“., рече Лукаревска.

Таа додаде дека  државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари, со што ќе се излезе во пресрет и на компаниите и на работниците.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во РС Македонија со кој се зголемува минималната плата беше усвоен од Собранието неделава.

Next Post

Институциите посветени на Отворен Балкан, се отстрануваат бариерите за слободен проток меѓу граѓаните и компаниите од регионот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk