ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Забрането емитување на руски канали на косовските телевизиски платформи

February 27, 2022 13:12
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Независната комисија за медиуми на Косово (КПМ) наложи времено исклучување на сите телевизиски канали по потекло од Русија од косовските телевизиски платформи и побара од медиумите да внимаваат на дезинформациите и лажните вести во врска со ситуацијата во Украина по руската инвазија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својата страница на Фејсбук, косовското регулаторно тело за медиуми објави дека одлуката е донесена „со цел да се спречи пропагандата (од Русија) и да се заштити јавната безбедност во Република Косово“.

– КПМ донесе одлука да им наложи на сите оператори за дистрибуција времено да прекинат со пренесување на каналите по потекло од Руската Федерација, со цел да се спречи пропагандата и да се заштити јавната безбедност во Република Косово, се вели во синоќешното соопштение на КПМ.

Косовскиот регулатор нагласува дека одлуката „нема за цел да ги задуши слободата на говор и слободата на медиумите“, туку само да ја спречи руската пропаганда преку медиумите по инвазијата што таа држава ја изврши врз Украина.

Во писмо до косовските медиуми, КПМ порача дека „помно го следи медиумското известување за актуелната ситуација во Украина, посебно за програмските содржини кои се нудат преку разни платформи, со посебен акцент на медиумите со потекло и блиски на актуелната власт во Руската Федерација“.

– КПМ ги упатува сите свои лиценцирани субјекти да бидат внимателни при преносот на програмски содржини и да ги преземат потребните дејствија за да го избегнат ширењето на пропаганда и на лажни вести, посебно од медиумите од руско потекло или блиски до актуелната власт во Руската Федерација, која може да дистрибуира програмски содржини кои поттикнуваат јазик на омраза, дезинформации, дискриминација и нетрпеливост со цел да ја оправдаат нивната војна против Украина и кои на еден или на друг начин можат да ги загрозат безбедноста и јавниот ред на Република Косово, се вели во соопштението./MИА/. 

Next Post

(ВИДЕО) Генералштаб на Украина до руските војници: Разоружете се и одете дома, ви даваме можност да се вратите кај семејствата

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk