ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски на Самитот на ЕБОР: Северна Македонија е атрактивна дестинација за странските инвеститори

February 28, 2022 13:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на пленарната сесија на отворањето на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.
На оваа сесија на Самитот, на кој присуствуваат голем број претставници на бизнисот и финансиските институции од Европа и светот, премиерот Ковачевски говореше за економските политики и за финансиската поддршка наменета за странските инвеститори, кои веќе покажаа исклучително позитивни резултати и по кои Република Северна Македонија се препознава како атрактивна дестинација за странските инвеститори.

„Неколку прашања се од важност за инвеститорите кога треба да изберат каде да инвестираат, а тоа се  макро економска стабилност, колку се пријателски околностите за водење бизнис и дали е развиена инфраструктурата. Во однос на првото прашање имаме стабилна макроекономска слика и тоа е осигурено со стабилниот рејтинг на земјата кој го потврди и „Стандард и Пурс“. Со добри политики одржуваме стабилна макроекономска состојба и јавен долг кој е под нивото на земјите од регионот“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

Ковачевски додаде дека во земјата има стабилни финансиски текови со стабилна валута како столбот на макроекономската политика која со години ја одржуваме.

Во врска со поддршката што им ја даваме на инвеститорите во Северна Македонија, рече премиерот Ковачевски, атрактивните стимулативни мерки за инвестирање се покажаа како посебно атрактивни за инвеститорите кои доаѓаат од автомобилската и ИТ индустријата а ќе имаме стимулации и за другите инвестиции.

„Денес, во Северна Македонија домашните и странските инвеститори добиваат еднакво добра и силна поддршка, а програмите се целосно транспарентни и насочени кон нови вработувања. Инвеститорите имаат можност за соработка со добри домашни изведувачи, кои постојано се унапредуваат технолошки, што значи нова машинерија, нови технолошки процеси, зголемување на продуктивноста – сето тоа создава опкружување во земјата коешто во економска смисла е повеќе од посакувано, особено после првата негативна година од пандемијата“, потенцираше претседателот на Владата, Ковачевски на самитот на ЕБОР во Лондон.

Овие добри показатели влијаеја и на намалувањето на невработеноста, информираше премиерот Ковачевски, и тоа ја достигна историски најниската стапка од 15,7%, за разлика од периодот пред 2017 година кога достигна речиси 30%.

Ковачевски го издвои како посебно значаен концептот за дуално образование како одговор на потребите на инвеститорите од стручна работна сила.

Во однос на најважните приоритети на Северна Македонија, премиерот Ковачевски ги истакна инфраструктурните проекти за актуелните фази од патното и железничкото поврзување со Република Бугарија, односно европскиот Коридор 8, кој го вклучува и вториот приоритет за поврзување на дистрибутивните системи за електрична енергија со Албанија, како и интерконекторот со Грција за поврзување со гас за стабилно снабдување со овој енергенс.

На самитот на ЕБОР за инвестиции во Западен Балкан, како за посебно значајно се издвои прашањето на енергетската сигурност и трансформацијата на енергетските капацитети кои работат со јаглен или мазут во капацитети кои користат обновливи извори на енергија.

Ковачевски нагласи дека Северна Македонија има за цел до 2030 година да ја оствари својата стратегија за целосна транзиција кон чисти енергетски капацитети и информираше за трансформацијата на постоечките електрани на фосилни горива во фотоволтаични централи, како и за поволните услови за инвестиции во соларни и ветерни електрани.

Како посебно значајни премиерот Ковачевски ги оцени инвестициите во иновации и дигитална економија и затоа како посебно добредојдени се вложувањата во ИТ секторот за што постои огромен интерес и за работа во тој сектор каде што платите се повеќе од 2,5 пати поголеми од просечната плата.

На отворањето на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон, на кој учествуваат и заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, говореа еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји и претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.

Next Post

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk