Додека руската воена машинерија ја напаѓа Украина во најголемата инвазија што Европа ја видела од Втората светска војна, една група Европејци се чувствува особено непријатно:, а тоа се бранителите и навивачите на Владимир Путин. Почнувајќи од лидерката на политичката партија Национален собир, Марин Ле Пен во Франција, до Матео Салвини од италијанската Десничарска лига, овие политичари низ годините отворено го покажуваа својот афинитет кон рускиот претседател, прифаќајќи руски заеми и членства во корпоративните одбори и делуваа како гласноговорници на Кремљ, анализира POLITICO.EU.
Додека Русија распоредуваше војска околу границите на Украина, некои од овие пријатели на Путин ја минимизираа заканата или го обвинија Западот дека ги зголемува тензиите.
Но, откако Путин му објави војна на Киев и балистички проектили почнаа да фи напаѓаат украинските мети, неколкумина европски политичари кои претходно беа „затрескани“во Кремљ, почнаа да го менуваат ставот и го осудија нападот.
Кои се верните пријатели на Путин во Европа? Што рекоа тогаш и што велат сега? Еве го одговорот.
Марин Ле Пен
Екстремно десничарската лидерка на партијата Национален собир и поранешна кандидатка за претседател на Франција, долго време ужива во блиските односи со Русија, но и финансирање од руска страна.
Во 2017 година, Ле Пен го посети Кремљ како дел од агендата од нејзината претседателска кампања и ја поддржа анексијата на Крим од страна на Москва во 2014 година.
На почетокот на овој месец Ле Пен рече дека „воопшто не верувала“ дека Русија ќе ја нападне Украина и ги осуди „неразбирањето на работите и размислувањата“ во Русија.
„Не гледам што би направиле Русите во Украина и кој би бил нивниот интерес таму“, им рече таа на новинарите.
„Да бев претседател во моментов, немаше да ги имам екстремно студените односи што сега постојат меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон“, додаде таа.
? Je pense que la #Russie est un pays européen, et qu’il aurait fallu rapprocher la Russie de l’Europe plutôt que de la jeter dans les bras de la #Chine. Quand on des bonnes relations, on peut avoir une influence. #Ukraine pic.twitter.com/mgEzxq5ub1
— Marine Le Pen (@MLP_officiel) February 8, 2022
Но, Ле Пен во четвртокот ја сврте ленатата. Во објава на нејзината веб-страница вели дека „нема причина да се оправда“ инвазијата на Украина, осудувајќи ја како „неоправдана“ и повика на нејзин „итен крај“.
Aucune raison ne peut justifier le lancement d’une opération militaire contre l’#Ukraine par la #Russie qui rompt l’équilibre de la paix en Europe.
Elle doit sans ambiguïté être condamnée. #UkraineRussiehttps://t.co/cxYU4jyKVr
— Marine Le Pen (@MLP_officiel) February 24, 2022
Ерик Земур
Францускиот екстремно десничарски политичар, новинар и публицист, кој моментно е трет во претседателската трка во 2022 година, претходно рече дека му се восхитува на Владимир Путин како „патриот“ и ги нарече неговите грижи околу експанзионизмот на НАТО во Украина и Грузија „сосема легитимни“ – додавајќи дека „улогата на Франција да го каже ова“.
Les frontières de l’Ukraine doivent être reconnues par la Russie et l’OTAN doit s’engager à ce que l’Ukraine ne devienne jamais un de ses membres.#LeGrandRDVpic.twitter.com/3xI2ZYwp6K
— Eric Zemmour (@ZemmourEric) February 20, 2022
Тој во декември исто така рече дека е среќен што „се обложил дека Русија нема да ја нападне Украина“. Но, тоа беше лош облог. Во четвртокот, Земур драматично го смени правецот, велејќи дека ја „осудува“ руската инвазија „без резерви“ и ја критикува како „неоправдана“.
Je condamne sans réserve l’intervention militaire russe en Ukraine. pic.twitter.com/SbTsF98feN
— Eric Zemmour (@ZemmourEric) February 24, 2022
Матео Салвини
Поранешниот италијански вицепремиер и лидер на италијанската екстремно десничарска партија Лига, Матео Салвини беше опишан како „човекот на Путин“ во Европа.
Салвини одамна изјави дека се восхитува на рускиот претседател. Тој дури носеше маица со Путин на Црвениот плоштад, а и неговата партија ужива топли односи со Москва.
Во 2017 година, тој потпиша договор за соработка со партијата на Путин, Единствена Русија, додека партиските функционери беа под истрага за потпишување таен договор за нафта со Кремљ во 2018 година, вреден милиони евра.
Italian LEGA leader Matteo Salvini has just removed or restricted access to an old Facebook post of his in which he wore a Putin t-shirt and wrote “I’m in Strasbourg. I’d swap two Presidents Mattarella for half Putin” https://t.co/06tVzpwRkU#Ukraine #Russia #Italy pic.twitter.com/rlzO4AE5FA
— Antonello Guerrera (@antoguerrera) February 24, 2022
Но, и Салавини во четврокот се огласи на Твитер за да ја „осуди секоја воена агресија“ во Украина и повика на „заеднички одговор од сојузниците“, подоцна објавувајќи видео на кое се гледа дека носи цвеќе во Украинската амбасада во Рим.
Roma, ambasciata dell’Ucraina??, una preghiera per la Pace. pic.twitter.com/SRazB3kI1h
— Matteo Salvini (@matteosalvinimi) February 24, 2022
Милош Земан
Претседателот на Чешката Република, Милош Земан, на јавноста и е познат по своите провокативни и потпалувачки коментари, уживаше во озлогласените топли врски со Москва.
Земан, кој ја презеде главната церемонијална улога во 2013 година, ја опиша војната во Донбас по 2014 година како „граѓанска војна меѓу две групи украински граѓани“ и поттикна многу протести поради комантарите и поддршката која минатата година и ја дадее на Русија.
Земан беше единствен меѓу лидерите на држави кој беше во посета на Москва во 2015 година по анексијата на Кри, велејќи дека посетата означува „израз на благодарност што ние во оваа земја не мораме да зборуваме германски ако сме послушни соработници од ариевско потекло“.
Но, среде инвазијата во четвртокот тој се сврте против Русија и ги повика земјите од ЕУ да ја исклучат од системот за плаќање SWIFT, велејќи дека нападот е „злосторство против мирот“ и нарекувајќи го Путин „лудак“.
Алекс Салмонд
Поранешниот лидер на Шкотската национална партија, Алекс Салмонд ужива невообичаено пријателски врски со Кремљ. По анексијата на Крим од Москва во 2014 година, Салмонд рече дека се восхитува на „одредени аспекти“ на политиката на Путин и рече дека неговиот патриотизам е „целосно разумен“.
Во 2017 година, шкотскиот политичар беше критикуван затоа што се согласил да започне нова неделна програма со руската државна телевизија RT наречена „Шоуто на Алекс Салмонд“.
Но, Салмонд во четвртокот го прекина емитувањето на емисијата поради нападот врз Украина, потенцирајќи дека иако никогаш немало „ниту едно уредувачко мешање“ во неговата програма, тој не може да продолжи со емитување на шоуто „се додека повторно не се воспостави мир. ”
Герхард Шредер
Поранешниот германски канцелар од 1998 до 2005 година, Герхард Шредер, се смета дека е близок со Путин и има место во одборите на двете најголеми руски државни енергетски компании, Роснефт и Гаспром.
Шредер еднаш го нарече рускиот претседател „беспрекорен демократ“ а во 2018 година „Вол стрит џурнал“ го нарече „луксузен, платен и раскошен инструмент на Владимир Путин“.
Сепак , во четвртокот Шредер им се обрати на своите следбеници на LinkedIn им се обрати со зборовите „имаше многу грешки на двете страни“, но сепак ја осуди инвазијата, тврдејќи дека „и руските безбедносни интереси не ја оправдуваат употребата на воени средства“.
„Војната и страдањата што таа ги предизвикува за народот на Украина мора да завршат што е можно поскоро“, напиша тој.
„Тоа е одговорност на руската влада“, додаде Шредер.
Жан-Лук Меланшон
Меланшон e крајно левичарски политичар кој исто така се кандидираше за највисоката функција во Франција (претседател), оваа година. Тој претходно рече дека француските политичари „се должни да не дозволат Украина да влезе во НАТО на Истокот“ и тврдеше дека Русија „не е непријател, туку партнер. ”
On me repeint en poutinien, je ne comprends pas pourquoi. Quand j’ai été à Moscou, j’ai rencontré son opposant du Front de gauche russe, Sergueï Oudaltsov, qui a passé 4 ans en prison pour son engagement politique. #UnionPopulaire https://t.co/nGTSQb6GLF pic.twitter.com/DNiXCksZc7
— Jean-Luc Mélenchon (@JLMelenchon) February 20, 2022
Но, лидерот на партијата „Непокорна Франција“ во четвртокот го смени ставот, објавувајќи изјава во која се вели дека Русија „ја презема одговорноста за ужасното назадување во историјата“ со напад на Украина, за што тој тврди дека „создава непосредна опасност од генерализиран конфликт што се заканува целото човештво“.
? Je condamne la guerre de la Russie en Ukraine
➡️ https://t.co/I1t2wflsDq pic.twitter.com/7A6Ds2jI17
— Jean-Luc Mélenchon (@JLMelenchon) February 24, 2022
Франсоа Фијон
Поранешниот француски премиер и обесчестен и посрамотен претседателски кандидат Франсоа Фијон се приклучи во одборот на руската петрохемиска компанија Сибур во 2021 година, откако беше номинаран од Кремљ во одборот на државната компанија Зарубежнефт, претходно истата година.
Со Сибур претседаваат руските олигарси Леонид Микелсон и Генадиј Тимченко. И двајцата оваа недела беа ставени под санкции од страна на Обединетото Кралство.
Сепак, во четвртокот, десничарскиот политичар напиша на Твитер дека „жали“ за анексијата на Крим во 2014 година и дека сега „ја осудува употребата на сила во Украина“.
Фијон во петокот објави дека планира да се повлече од двете улоги, тврдејќи дека Путин „е единствениот виновен што предизвикал конфликт кој можело и требало да се избегне“.
Виктор Орбан
Долгогодишниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан одржува блиски односи со Путин, што не се должи само на тоа дека се идеолошки сродни духовно. Орбан преговара за долгорочни договори за гас со Русија, а за возврат Унгарија да добива пониски цени од нејзините европски партнери.
Орбан се пофали дека се сретнал со рускиот претседател 12 пати за време на неговиот мандат, последен пат на почетокот на овој месец кога тој побара од Путин да го зголеми обемот на извозот на гас во неговата земја. „Тешки времиња, но ние сме во многу добро друштво“, рече унгарскиот премиер.
Сепак, и Орбан во четвртокот преку Фејсбук видео објави дека го сменил ставот, обвинувајќи ги постапките на Москва. Исто така тој најави дека Унгарија нема да испраќа оружје во Украина.
„Заедно со нашите сојузници од Европската унија и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече тој. Тој, исто така, им се придружи на лидерите на ЕУ подоцна истата вечер во потпишувањето на пакетот санкции од големи размери, насочен кон повеќе сектори на руската економија.
Борис Џонсон
Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон се огласи да го осуди Путин во понеделникот, веднаш откако рускиот претседател ги призна двете отцепени републики во источна Украина, како независни.
Британскиот лидер оттогаш воведе санкции кон Москва и сугерираше дека рускиот претседател треба да се соочи со обвиненија за воени злосторства како „крвав агресор“.
Но, Џонсон не беше секогаш толку критичен кон Русија, откако еднаш ја пофали „бесмилосната јасност“ на лидерот Путин, во поддршката на сирискиот диктатор Башар Асад за елиминација на милицијата на Исламска држава.
Џонсон долго време е пријател со истакнати руски олигарси. Опозициските партии во Обединетото Кралство проценуваат дека неговата Конзервативна партија добила речиси 2 милиони фунти од руските елити откако тој стана премиер.
Извор: POLITICO.EU / Victor Jack
Обработка: Ивана Т. Зафировска