ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви

March 3, 2022 13:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви.

Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат со залиха од 45 000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

-Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Спомнатите количини се во годишните планови за увоз на стопанските субјекти до почеток на жетва со цел, како и секоја година, да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви, објаснува Николовски.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање за полититичката и економската криза, како и околу воениот руско-украински конфликт, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

-Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица.

-ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Битиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

Претходните денови Владата и надлежните министерства неколку пати апелираа – граѓаните да не стравуваат, зашто прехранбени производи и државни резерви има, а не се очекуваат ниту ценовни шокови. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, ќе се интервенира.

-Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, тврдат од Владата.

Извор: МИА

Next Post

Тренчевска-Фугер: Со новите проекти за социјална заштита ќе им помогнеме на ранливите категории на граѓани

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk