ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Еднаквост на жените: Длабока хибернација, дел од серијата „Во фокусот на ЦИВИЛ“

March 9, 2022 14:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е јавниот настан на ЦИВИЛ „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“, дел од серијата под заеднички наслов „Во фокусот на ЦИВИЛ“. Учесници на панелот се г-ѓа Савка Тодоровска од СОЖМ, Тамила Велковска претставничка на украинската заедница во РСМ, Дороти Пачкова од „Една може“, и Мерсиха Смаиловиќ од Легис.

Панелот е посветен на прашања за институционалниот, државниот и општествениот однос за правата на жените,  еднаквоста на жените и нејзиниот декларативен статус, како и причините, дејствијата и можните решенија кога станува збор за статусот на жената во општествено-политичките дискурси.

Тамила Велковска претставничка на украинската заедница во РСМ

Жените се дел од украинската војска од 1993 година. Нивната улога се прошири кога Русија го диктираше Крим. Им беше дозволено да бидат дел од вооружените сили, но беа дел и од другите борбени специјалности, снајперисти, дел од тимот во оклопни возила… Според податоците од 2020 година повеќе од 30 илјади жени учествувале како дел од вооружените сили заклучно со март 2021 кога тој процент беше над 22%. За споредба со американската војска кој има нешто повеќе од 14%

Типично за украинската жена е што таа многу лесно се транформира, од кујна до следниот ден ако има потреба многу лесно застанува во првата борбена линија

„Од почеток на војната безброј Украинки доброволно се пријавија да служат во првите борбени линии. Илјадници жени сега во моментот кога разговараме, не само што се борат со окупаторите туку изнесуваат ранети, се грижат во болниците, приготвуваат храна, се убедуваат да ги утешат децата, да ги изнесат луѓето од окупираните територии. За мене не се херои само тие жени, туку и тие што се низ целиот свет кои се обидувааат на секој начин да пружат помош, организираат сместување на бегалци и Украинци што од секаде во светот собираат хуманитарна помош, организраат протести…“, додаде Велковска.

„Нашиот отпор има неверојатно женско лице“, вели Велковска

„Самите почетоци на „Една може“ се потпираат на можност да бидам дел од ЦИВИЛ“, нагласи Дороти Пачкова од „Една може“ на почетокот на своето излагање.

Дороти Пачкова:

Положбата на жената е незавидна, по 6 години на „ Една може“, можеме да кажаме дека влијанието го гледам токму во менување на јавната свест и во перцепциите во однос на самохраните родители. Ако на нашите почетоци бевме ословувани како канцер на општеството и бевме опасни по живот, не упатуваа многу често дури и во јавниот простор да си седиме дома, да си молчиме и да веднеме глава, сега ја имаме поддршката од сите медиуми, кои на некој начин, дури и ја хероизираат работата на една самохрана мајка.

Серијата настани „Во фокус“ се дел од активностите на ЦИВИЛ што се поддржани од програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Next Post
BBC Video Print Screen

Руска активистка го запали пасошот: Не сакам да бидам државјанка на земја што врши воени злосторства

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk