ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ го одржа првиот „Мулти култи бриф“ посветен на почитувањето на различностите во услови на светска криза

March 11, 2022 14:22
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Еднаш неделно, в петок, но по потреба и во други термини, ЦИВИЛ ќе одржува Мулти култи бриф, во кој накратко ќе ја известуваме јавноста за активностите на организацијата во Иницијативата Чекор напред кон мултикултурно општество“, изјави Џабир Дерала на почетокот на првото издание на „Мулти култи бриф“ на ЦИВИЛ.

Под заеднички наслов „Чекор напред кон мултикултурно општество“, ЦИВИЛ од 1 март ги интензивира своите акции со кои ги промовира почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во општеството.

Војната во Украина го загрози светскиот мир. Во часови се мери забрзаната глобална милитаризација како одговор на бруталната руска агресија во која секој час гинат и цивили, меѓу кои и жени, деца и луѓе во поодмината возраст.

Ова е доба кога општеството доаѓа под удар на радикални структури за кои поларизацијата, дискриминацијата и насилството е „природна“ состојба.

Пред светот се тешки предизвици за демократијата и прогресивните цивилизациски и европски вредности, почитувањето на човековите права и слободи, еднаквоста и недискриминацијата.

Затоа, ЦИВИЛ ги интензивира активностите за промоција на мултикултурализмот и европските вредности во нашата земја. Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ опфаќа три големи области на дејствување на организацијата во овие области. Како и претходно, така и во наредниот период, ЦИВИЛ ќе го следи, но и ќе даде свој придонес кон спроведувањето на стратегијата „Едно општество за сите“, а ќе понуди идеи и за креирањето на Стратегијата 2023-2025 година.

Понатаму, организацијата ќе ги реафирмира сите досегашни и ќе создаде голем број нови пораки, информации и едукативни содржини во кои граѓанките и граѓаните, јавните личности, медиумите, академијата и граѓанското општество говорат за мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности. Активностите подразбираат и истражувачки активности, застапување и заеднички јавни настапи со претставници на граѓанското општество, академијата и институциите на локално и национално ниво.

Како и секогаш, ЦИВИЛ е отворен за соработка и ги повикува сите прогресивни граѓанки и граѓани, експерти, уметници, активисти и јавни личности да го дадат својот придонес кон оваа иницијатива со споделување на идеи, искуства и размислувања на овие важни теми.

ЦИВИЛ ја спроведува иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Next Post

Единствениот европски број за итни повици 112 функционира на ниво на целата држава

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk