ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Русија изведува хуманитарна катастрофа врз Украина, но стигнавме до стратешка пресвртница (ВИДЕО)

March 11, 2022 16:54
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во видео обраќање вели дека е невозможно да се каже уште колку денови треба за да си ја ослободат државата од руските агресори, но додава дека тоа ќе се случи зашто ова е како што нагласува, татковинска војна, а е стигнато и до стратешка пресвртница.

– Веќе 16-ти ден се бориме за нашата слобода. Ова е четири пати подолго од тоа што непријателот планираше за неговата инвазија, истакнува Зеленски.

„Четири пати подолго! Против армијата која важеше за една од најсилните во светот. Која се надеваше дека Украинците ќе се предадат. Се надеваше дека некој ќе ги пресретне со цвеќиња со руски знамиња на украинските улици, на нашите улици.
Но, Украинците се горди луѓе кои секогаш го бранат своето, ја бранат својата земја и нема да му дадат на окупаторот ниту едно парче од таа земја. Ниеден процент од својата слобода.
16 дена. Знам дека многу луѓе почнаа да се чувствуваат уморни. Се разбирам. Нетрпеливост. Разбирам.“, рече Зеленски.

Тој истакнува дека е потребно трпение, мудрост и енергија за да се победи, но нагласува дека веќе се стигнати до стратешка пресвртница.

„Емоциите играат лоша игра со луѓето. Ова е живот. Кога се мобилизираме, кога ги гледаме нашите борбени победи и загубите на непријателот, очекуваме борбата побрзо да заврши. Дека окупаторите побрзо ќе паднат. Но… Ова е живот, ова е војна. Ова е борба.
Уште треба време. Сè уште е потребно трпение. Наша мудрост, енергија. Способност да си ја завршиме работата максимално за да можеме заедно да стигнеме до победа. Невозможно е да се каже уште колку денови треба да ја ослободуваме нашата украинска земја. Но, може да се каже – ние ќе го направиме тоа! Затоа што кон тоа се стремевме. Затоа што веќе стигнавме до стратешка пресвртница. Веќе одиме кон нашата цел, кон нашата победа.“, вели Зеленски.

Украинскиот претседател ја искажува суровоста на руските власти кон сопствените војници, кои, како што вели, не обрнува внимание на илјадниците убиени руски војници кои ги фрли во пеколот на оваа војна

„Ова е татковинска војна. Војна со многу упорен непријател. Кој не обрнува внимание на илјадниците негови убиени луѓе, убиени војници. Кој собира низ цела Русија сега резервисти и регрути за да ги фрли во пеколот на оваа војна. Кој смисли да донесе платеници против нашиот народ. Насилници од Сирија. Од земјата што беше уништена на ист начин како што сега не уништуваат окупаторите нас – нашиот Мариупол, нашиот Харкив, Охтирка, Чернигив, Волноваха, Изјум и други. Платеници кои едноставно одат да убиваат во туѓа – во секоја смисла на зборот – во туѓа земја“, рече Зеленски.

Руската Федерација изведува хуманитарна катастрофа врз Украина, вели украинскиот претседател.

„Во текот на изминатата ноќ и утро окупаторите извршија, како што велат, „демилитаризација“ на водоводот во Чернигив. Градот остана без вода. Правиме се за да го вратиме водоснабдувањето. Поради постојаното гранатирање во делови од Сумската, Кијивската, Доњецката област нема струја, да, има проблеми со топлина, нема гас, вода. Ова е хуманитарна катастрофа.
Хуманитарна катастрофа – два збора кои станаа целосни синоними за други два збора – Руска Федерација.
Ноќва окупаторите бомбардираа фабрика за чевли, станбена зграда и градинка во Днепар. За што? Како тие и се заканија на руската држава? Уништени се станбени куќи во селата во Сумската област. Продолжија да ги измаченуваат жителите на Мариупол. Жителите на Харкив. Со ракети ги гранатираа Луцк и Ивано-Франкивск …

Ако вака продолжи, значи санкционите пакети против Русија не се доволни. И очекувам, ние веќе работиме на ова, нови санкциони решенија од нашите партнери веќе денес.
Русија мора да плати за оваа страшна војна. Да плаќа дневно!
Вчера се одржа многу важна средба на лидерите на Европската унија. Долга, објективна. Знаеме што кажаа на оваа средба. Сите лидери. Кој конкретно зборуваше. Кој поддржуваше. Кој молчеше. А кој се обидуваше да ги направи формулациите недоволни – за Украина, Европа и нашата заедничка слобода.
Како ја оценуваме донесената одлука?
Многу е едноставно: треба посилно. Ова не е она што го очекуваме.

Неопходно е одлуките на политичарите да се совпаѓаат со расположението на нивните народи, европските народи. Ние го знаеме ова расположение. И тие го знаат ова расположение.
Секој политичар добро знае!
Бројките се различни во различни земји, но има анкети и има голема поддршка. Најмалку 60 отсто се „за“. И ова огромно мнозинство „за“ – за Украина да биде дел од Европа!
Европејците јасно зборуваат за ова. И јас сум сигурен. Јасно ќе им кажат на своите политичари. Ако тие сè уште не го сфатиле тоа.
Одлуката на вчерашната средба на лидерите на ЕУ сега излегува и на ниво на Европската комисија.
За имплементација. За специфични процедури.
Европската унија мора да направи повеќе.
Мора да направи повеќе за нас, за Украина. И за себе.
Тоа го очекуваме. Сите европски народи очекуваат.

Нашите владини претставници денеска организираа 12 хуманитарни коридори.
Камиони со храна, прехранбени производи, вода, лекови веќе се на пат. Изјум, Енергодар, Волноваха, Пологи, Буча, Гостомел, Бородјанка, Андријивка, Микуличи, Макарив, Козаровичи, се разбира, Мариупол.
Украинската војска обезбеди „молк“, за хуманитарните коридори да работат.
Доколку окупаторите повторно пукаат и го нарушат спасувањето на луѓето, на крајот ќе добијат таков одговор од светот што и самите ќе имаат потреба од хуманитарни коридори.
Нашите владини функционери прават се за да има гориво низ целата земја, да има производи, сè не е така едноставно, но сепак, лекови и сè – ова го потенцирам – сите производи што им требаат на луѓето.
Бензин, дизел – сè се донесува.

Утрово ми беа поставувани прашања на дневниот конференциски состанок. Логични. Со оглед на пролетта. Што е со сеидбата? Како да ја започнеме – и особено во оние области кои се привремено окупирани?
Мојот одговор е многу едноставен: низ целата наша земја, како и да е, оваа пролет треба да направиме полноценета сеидба, како и секоја пролет. Се разбира, толку, колку што е возможно. Се зависи од луѓето и ситуацијата. Затоа што се работи за животот. Животот е поважен. За нашиот живот. За нашите соништа. За нашата иднина. И значи, за нашата победа.
Повторувам повторно и повторно: кога ја браниме слободата, мора да бидеме сите – како полноправна војска.
Направете се што можете на вашето место за да добивање на резултатот што сите го заслужуваме. Тоа е фер. Да победиме. Задолжително.
Задолжително издржете.  Задолжително борете се. Задолжително дадете се од себе.

Нема да биде лесно со таков сосед. Но, со нас – исто така.
Како што веќе се испостави.“, потенцира украинскиот претседател во обраќањето.

J. Ѓ.

 

Next Post

МТСП: 35.000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk